Денес е рушен бесправен објект кој што е почнат со изградба во 80-тите години, а не е завршен и претставува нефункционална целина, со што не одговара на потребите и намената на земјиштетото согласно деталниот урбанистички план.
Денес од страна на градежна група на ЈП Комуналец, се уредува дворот и се прередуваат коцки на патеката на новите муслимански гробишта во Кавадарци.
По силниот ветер екипи на Мој општинар и ЈП Комуналец ги санираа сите проблеми што настанаа, а патот Кавадарци – Неготино е преоден, отстранети се 5 големи дрвја кои паднаа на влезот во село Марена.