Приведен криминалец во Куманово, баран за шестгодишна затворска казна
Вчера (16.04.2022) во 21.00 часот полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода И.С(32)од Куманово.Тој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од 6 години за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Во Куманово приведен бегалец од затвор, вратен е да ја доиздржи казната
Вчера (16.04.2022) во 15.30 часот полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(47)од Скопје, со живеалиште во Струмица.Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 2 години и 6 месеци, а бил осуден на 3 години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.