Ќе биде опфатен делот покрај новоизградениот пат.
Општина Крушево ги повикува сите граѓани да се вклучат во оваа активност затоа што тоа е најголема општествена одговорност.
“Крушево е наша обврска, ова е местото кое најмногу го сакаме и тука живееме. Затоа, да покажеме свесност и емоција за нашиот град и да се приклучиме на акцијата за пошумување“, повика градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.