БРАВО - СДСМ: За 10 месеци отворивме 13 детски градинки, ги зголемивме платите за воспитувачките и негувателките
БРАВО - СДСМ: За 10 месеци отворивме 13 детски градинки, ги зголемивме платите за воспитувачките и негувателките
БРАВО - Рекордерката Дрита Исљами наградена со 100.000 денари од Град Скопје
БРАВО - Рекордерката Дрита Исљами наградена со 100.000 денари од Град Скопје
НАУМОВСКИ: Од септември, дополнителни 90 места за деца во објектот Детелинка на градинката Росица. Изградбата на трите занимални влегува во својата завршница.
НАУМОВСКИ: Од септември, дополнителни 90 места за деца во објектот Детелинка на градинката Росица. Изградбата на трите занимални влегува во својата завршница.
Од 82-та седница на Владата: Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието
Од 82-та седница на Владата: Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието
ВО ТЕТОВСКА ГОРНА ЧАРШИЈА СЕ СТАВА ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА
ВО ТЕТОВСКА ГОРНА ЧАРШИЈА СЕ СТАВА ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА
(ВИДЕО) ПАНЧЕВ: НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКОТО, ИГРАВМЕ УБАВ ФУДБАЛ И ТОА Е ГОЛЕМА РАБОТА
(ВИДЕО) ПАНЧЕВ: НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКОТО, ИГРАВМЕ УБАВ ФУДБАЛ И ТОА Е ГОЛЕМА РАБОТА
(ВИДЕО) ЕДИ РАМА Е МЕГА ЦАР, ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО КАЖА НА ДЕНЕШНИОТ ПРЕС ВО СКОПЈЕ
(ВИДЕО) ЕДИ РАМА Е МЕГА ЦАР, ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО КАЖА НА ДЕНЕШНИОТ ПРЕС ВО СКОПЈЕ
КАФАНСКО ИНТЕРВЈУ НА ТЕЛМА: Водителката Сања Васиќ цел саат со лични коментари ги девалвираше сите одговори на премиерот Заев, а пак прашањата и беа како на вмровска пијандурка пред кооперација...
КАФАНСКО ИНТЕРВЈУ НА ТЕЛМА: Водителката Сања Васиќ цел саат со лични коментари ги девалвираше сите одговори на премиерот Заев, а пак прашањата и беа како на вмровска пијандурка пред кооперација...

ВО ПРАВО Е ЧОВЕКОТ, УНЕСКО ЈА ПРЕТЕРАА СО БАРАЊАТА КОН ОХРИД И СТРУГА: СТРУЖАНИ ИМААТ ПРАВО ДА ГРАДАТ И ДА ЛЕГАЛИЗИРААТ, ТОА ШТО ГО БАРА УНЕСКО Е НЕПРИФАТЛИВО, ВЕЛИ СТРУШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК РАМИЗ МЕРКО

Бројот на барања за легализација на дивоизградени објекти во Струга бил голем, но тоа според Мерко биле доградби и надградби. Стружани не граделе куќи на брегот на Езерото. (Фото: СДК.МК)

Строго дефинираните правила на УНЕСКО кои предвидуваат забрана за градба и рушење на сè што е бесправно изградено во заштитените зони, за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се неприфатливи бидејќи, како што вели, општината ќе трпи огромни финансиски штети, а граѓаните не ќе можат да си го остварат своето право според постоечкиот Закон за легализација. Тој вели и дека Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион го спречува нормалното функционирање на Општина Струга во делот на постапување според веќе донесените урбанистички планови во Општината.

„Во овој дел опфатен е и Законот за легализација кој е на сила, а времето за истите поминува во март така што во време на пандемија и мораториум кој траеше една година бараме Владата да го продолжи рокот на легализација на објектите барем за овие општини. Бараме и дополнително време за применување на Планот, бидејќи не е адекватен за да постапиме по барањата на граѓаните. Од друга страна се прави штета на буџетот на општината и ако нема можност за градење, тогаш ќе почнат да се прават диви градби и не знам кој ќе одговара и кој ќе плати за тоа“, вели Мерко.

Градоначалникот на Струга очекува забелешките да му бидат прифатени од надлежните институции во спротивно, доколку не се изнајде заеднички прифатливо решение, најави дека ќе се бараат правни механизми за, како што вели, им излезе во пресрет на граѓаните.

„Доколку не можеме да постапиме по барањата за легализација и доколку се стави и целосен мораториум за градби граѓаните можат да излезат на протести и да искажат непослушност бидејќи ќе бараат тоа што им следува. Ние не можеме со овој План да им излеземе во пресрет“, вели Мерко.

Бројот на барања за легализација на дивоизградени објекти во Струга бил голем, но тоа според Мерко биле доградби и надградби. Стружани не граделе куќи на брегот на Езерото.

„Повеќето се скали, балкони, поткровје што законот им го дава тоа право а сега не можат да си го остварат. Во заштитена зона, на крајбрежјето во Струга нема диви градби. Ѕидот од камен кој го заштитува имотот од Езерото не е дива градба, тој само заштитува за разлика од ѕидовите кои Владата ги направи кај аеродромот каде потрошија огромни средства и влегоа длабоко во внатрешноста на езерото“, вели Мерко.

За Мерко не се спорни ниту платформите во Радожда. Служеле за развој на туризмот и тие не требало да се пречка за имплементација на Планот на УНЕСКО.

„Таму има 4-5 платформи кои служат за угостителските објекти и воопшто не претставуваат проблем. Селото живее од туризам. Од друга страна нивото на Езерото е покачено и прави штета на крајбрежјето и мора да се заштитува. Никој не гради куќи покрај езерото“, додава Мерко.

Охрид и Дебарца веќе изготвија регистар за дивоградби. Се чека и Струга да го направи истото.

loading...

AniWatch anime stream: Watch Attack on Titan Episode 3 (https://aniwatch.pro/m/3q/ep-3)

AnimeFreak animefreak hunter x hunter: Watch A Silent Voice Episode Full (https://animefreak.ws/m/dKza/ep-1)