Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Во пресрет на претстојната Регионалната конференција на директори на полициски служби, директорот на БЈБ Тасевски оствари средби со директорите на полициите на Елинската Република, на Косово и на Бугарија

Денеска, во пресрет на Регионалната конференција на директори на полициски служби на тема „Борба против организиран криминал: предизвици и поддршка“ која се одржува во Скопје од 4 до 7 мај, директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски оствари билатерални средби со директорите на полициите на Елинската Република, Константинос Скоумас, на Република Косово Самедин Мехмети и на Република Бугарија Венцислав Кирчев.

На сите средби беше потенциранс успешната соработка помеѓу полициите во регионот и беа разгледани можности и иницијативи за унапредување на билатералната соработка.

„Миграциската криза не само што не ги заобиколи нашите држави, туку значително ги оптовари и сè уште ги оптоварува националните буџети, човечките ресурси и меѓународната комуникација. Верувам ќе се согласиме дека миграциската криза доведе до пораст и во вршењето криминални активности, особено во полето на илегалната миграција и криумчарењето мигранти.“, потенцираше на средбата директорот Тасевски на средбата со директорот на полицијата на Елинската Република Скоумас.

Директорот Скоумас упати покана до директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски, наскоро да ја возврати посетата во седиштето на Елинската полиција во Атина, со цел организација за потпишување на заеднички протоколи и отпочнување со активности за нивна реализација.

На средбата со директорот на бугарската полиција Кирчев, соговорниците ги потврдија оценките дека досегашната соработка е на завидно ниво и изразија уверување дека таа ќе продолжи уште поинтензивно да се развива и во периодот што следи.
Посебно беше истакната соработката во областа на граничното работење, која години наназад е на високо ниво и без отворени прашања, ниту во поглед на правната регулатива за соработка, ниту во нејзината имплементација.

Разгледана беше и ситуацијата со миграцијата каде соработката, исто така, е на високо ниво во поглед на размена на информациите и скенирање на миграциските трендови.

Средбата со косовскиот директор Мехмети се одржа во знакот на оценката дека на оперативно ниво двете полиции активно соработуваат и со многу успех во борбата против организираниот криминал, прекуграничната соработка и други области од внатрешната безбедност кои се од заеднички интерес за двете страни.

„Двете полиции учествуваат во заеднички акции, размената на информации и податоци е одлична, а соработката е со тенденција на продлабочување на сите нивоа, особено преку формирање на заеднички работни групи за анализа на предизвиците на организираниот криминал“, потенцираше директорот Тасевски.

Генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети се заблагодари за поддршката што МВР ја дава на косовската полиција и ја прифати идејата за формирање на заеднички работни групи, што ќе придонесе за квалитативно нов пристап во зајакнување на борбата против криминалните групи. Мехмети воедно потенцираше дека за време на летната сезона на граничниот премин Елен Хан – Блаце планирано е воспоставување на дополнителни кабини за проверки, со цел олеснување на прокот на луѓе и стоки.

loading...

anh tài xỉu go88 Tài Xỉu Go88 - Tải Game GO88 Đổi Thưởng APK, iOS, AnDroid go88 demo

https://sunwin.fan/