Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката Данела Арсовска. Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.

– Почитувани пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, вашата професија е одраз на посветеност и пожртвуваност, битка на тимот против еден заеднички непријател – огнот. Секоја професија има своја специфичност, но во пожарникарството се обединуваат храброста, пожртвуваноста, хуманоста, одговорноста, професионалноста. Вашата професија една од оние чие постоење влева сигурност и спокој во нашиот град. Вашето знаење, макотрпна работа, стекнатото искуство во справување со предизвиците со кои се соочувате секојдневно, мора да бидат почитувани и наградувани. – изјави Арсовска.

Арсовска истакна дека нејзините заложби се обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на сите пожарникари, како и континуирано вложување во човечкиот капитал.

– Противпожарната Бригада на Град Скопје е професионална служба, а пожарникарите храбри луѓе, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи, го ставаат животот и безбедноста на граѓаните, пред сопствениот. Тоа ве прави херои на градот. Граѓаните на Скопје можат да се гордеат со противпожарната бригада. – рече Арсовска.

Командантот на противпожарната бригада, Звонко Томевски изрази благодарност за поддршката и разбирањето кое го имаат од Градоначалничката на Град Скопје и градската администрација, што влева надеж дека противпожарната служба како есенцијална услуга во модерните општества ќе го добие заслуженото место како модерна единица со која ќе се гордеат сите и би се постигнала главната цел – зголемена безбедност на граѓаните на Скопје.

На одбележувањето присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, градоначалници, советници, претставници на државните институции и голем број гости.

loading...