На 22.03.2022 во 14.25 часот во Ресен, на ул.„Корчуланска“, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода М.З.(36) од с.Селце, прилепско.
Кај него била пронајдена ќеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил. Од извршениот увид било констатирано дека во ќесата има околу 1 килограм марихуана, која била одземена.
Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (23.03.2022) во 02.00 часот на ул.„Иван Иванов – Балаш“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.
Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.