УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, тврдат од Владата
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
(ВИДЕО) ПЕШТАНЦИ БАРААТ ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПЛАЖИТЕ КОИ ДРЖАВАТА ИМ ГИ ЗЕЛА ВО КОМУНИЗМОТ
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Царовска бара Обвинителството да ги истражи Кембриџ учебниците
Од 81-та седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства; Предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието; Јунските пензии ќе се исплаќаат од 29 јуни

БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
БУГАРСКИ ИНАТ БИЛ ПОЈАК ОД МАГАРЕШКИ ИНАТ - Нема датум за преговори за Македонија, Советот не успеа да ја убеди Бугарија
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
Добра вест: Просечната плата речиси 28.500 денари, за време на пандемијата се зголемила за 10 отсто
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
МАФИЈАТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ЗАКОНОТ: КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ СЕДНУВААТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИТЕ ШТО ГРУЕВСКИ ГИ УКРАЛ ОД ДОНАЦИИТЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција

ВО СЕДУМ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА СО ЗАЕДИЧКИ ЧАСОВИ

Град Скопје продолжува со активности за имплементација на Стратегијата за меѓуетничка интеграција и граѓанско учество во скопските средни училишта и во новата учебна 2020/2021 година.
За таа цел претставници од Секторот за образование на Град Скопје и од Македонскиот центар за граѓанско образование (Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на млади во образованието) денеска одржаа работен состанок со директорите и координаторите на училишните тимови за меѓуетничка интеграција од седум средни училишта со цел координација на активностите за реализација на заеднички часови во рамки на редовната настава.

Имено во СУГС„ Здравко Цветковски“, СУГС„Браќа Миладиновци“ СУГС„Димитар Влахов“, СУГС“Арсени Јовков“, СУГС„Боро Петрушевски“, СУГС„Јосип Броз Тито“ и СУГС„Владо Тасевски“ во учебната 2020/2021 година ќе се реализираат заеднички часови по 13 наставни предмети, истите ќе ги реализираат вкупно 37 наставници, а со оваа активност ќе бидат опфатени 42 паралелки (од кои 17 наставата ја следат на албански наставен јазик, 21 на македонски наставен јазик, а 4 на турски наставен јазик).
Целта на меѓуетнички интегрираното образование е учениците од различните етнички/јазични групи да се научат на интеракција. Преку искуството на организираниот меѓусебен контакт и непосредна интеракција учениците:
– учат да комуницираат и да соработуваат едни со други;
– започнуваат да ги препознаваат и прифаќаат меѓусебните сличности и да ги почитуваат меѓусебните разлики;
– градат меѓусебна доверба
– стекнуваат вештини за заедничко живеење во мултиетничко опкружување.

Град Скопје пред две години започна со реализација на заедички интегрирани часови во рамки на редовната настава во четири средни училишта во кои наставата се одвива на два наставни јазика (СУГС„Здравко Цветковски“, СУГС„Боро Петрушевски“, СУГС„Арсени Јовков“ и СУГС„Браќа Миладиновци“), минатата година кон оваа иницијатива се приклучија уште две училишта (СУГС„Димитар Влахов“ и СУГС„Јосип Броз Тито“), а оваа година заеднички часови за првпат ќе се реализираат и во СУГС„Владо Тасевски“.
Вклучувањето на СУГС„Владо Тасевски“ во организација и реализација на заеднички часови во рамки на редовната настава е од особена важност имајќи предвид дека учениците од ова училиште кои наставата ја следат на македонски наставен јазик учат во различен објект од учениците кои наставата ја следат на албански наставен јазик. Со оглед на фактот дека нивното спојување досега беше невозможно, одлуката на Министерството за образование и наука наставата во новата учебна година да се одвива онлајн отвори можност за нивно поврзување и следење заеднички часови од далечина.

loading...

AnimeTV demon slayer anime tv: Naruto (Dub) Episode 220

AnimeDao classroom of the elite animedao: Watch Black Clover Episode 81 (https://animedao.nl/m/3oNl/ep-81)