Денес во употреба се пушта Јавното претпријатие за грижа за заштита на бездомните животни – ЛАЈКА
ЛАЈКА е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, но Лајка не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни.Скопје, една поинаква приказна…#Скопје #ЧекорПоЧекор
Posted by Петре Шилегов on Среда, 14 октомври 2020
ВРЕМЕ Е ЧОВЕКОТ ДА МУ ВРАТИ НА НАЈДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ
На големо задоволство на сите нас од денеска и официјално го пуштаме во употреба новиот стационар за бездомни кучиња на ЈП „Лајка“. „Лајка“ не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни. Имено, пред година и половина кога размислувавме за решавање на деценискиот проблем што Градот Скопје го има со кучињата скитници, рековме дека целосно треба да го смениме концептот и ова што го гледате денеска е само почеток на тој концепт и официјален крај на „Вардариште“. Градот Скопје е меѓу ретките градови, единствен во регионот кој заради посветеноста на овој проблем има сопствено јавно претпријатие, не сме веќе дел од „Комунална хигиена“ и во коешто ќе работат обучени луѓе. Капацитетот на објектот е некаде околу 100 кучиња, станува збор за убедливо најдобрите стандарди што се пропишуваат во оваа област. Се надевам дека „Лајка“ ќе стане центар за вдомување на кучиња и ред други работи кои подразбираат еден многу повнимателен и поодговорен однос со овие животни. Мое лично убедување е дека е време човекот да му врати на неговиот најдобар пријател.
Posted by Петре Шилегов on Среда, 14 октомври 2020
ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА – 14.10.2020
Моите одговори на новинарските прашања на денешната прес конференција во врска со ЈП Лајка, реконструкција на градските улици и булевари, јавниот превоз, како и за уредувањето на Кеј 13 Ноември.
Posted by Петре Шилегов on Среда, 14 октомври 2020
„Лајка“ не е само објект, е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на официјалното отворање на стационарот „Лајка“.
-Капацитетот на објектот е околу 100 кучиња. Станува збор за еден од најдобрите стандарди што се пропишуваат во оваа област. Целиот објект е опремен со подно греење, со цел да им обезбедиме комоција на животните. Секој простор е засебен, тргнати се прифатилиштата, тргнато е приемното одделение. Има амбуланта, операционала сала, соба за интензивна нега, соба за пост оперативен третман, како и карантински дел. Се надевам дека ќе почнеме системски да го решаваме овој проблем и за една до две години од сега го намалиме бројот на бездомни кучиња, како и на луѓето коишто се каснати – истакна Шилегов.
В.Д. директорката на „Лајка“ Тина Петрушевска демантираше дека во Скопје има над 13.000 бездомни кучиња, туку, како што рече, во соработка со Факултет за ветеринарна медицина и Агенцијата за храна и ветеринарство направена е анализа по англиска метода според која конечната бројка изнесува 1.970 кучиња.