(ВИДЕО): Олимпиецот Георгиевски свечено дочекан на аеродром – „Чувството е прекрасно“
(ВИДЕО): Олимпиецот Георгиевски свечено дочекан на аеродром – „Чувството е прекрасно“
Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени, болниците се полнат со пациенти, во Скопје има 10 колапси дневно
Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени, болниците се полнат со пациенти, во Скопје има 10 колапси дневно
УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ БЕЗ ПРАВА СО ГОДИНИ - Законот за државјанство помина во Собранието, 57 гласаа „за“, 32 „против“
УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ БЕЗ ПРАВА СО ГОДИНИ - Законот за државјанство помина во Собранието, 57 гласаа „за“, 32 „против“
Заев: Го слушнавме и прифативме повикот на деловните луѓе од регионот – помалку историја, повеќе економија
Заев: Го слушнавме и прифативме повикот на деловните луѓе од регионот – помалку историја, повеќе економија
(ВИДЕО) СМЕШЕН МОМЕНТ ОД ПРОШЕТКАТА НА РАМА, ЗАЕВ И ВУЧИЌ: НОВИНАРКАТА НА ПИНК ГО ПРАШУВА ЗАЕВ КАДЕ Е КАФИЧОТ ТРОПИКАНА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ВУЧИЌ БИЛ ПРЕД 30 ГОДИНИ, ЗАЕВ ВИКА ПОЈМА НЕАМ ЈА СУМ ОД СТРУМИЦА

БРАВО ОПШТИНА ЦЕНТАР - Уште два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
БРАВО ОПШТИНА ЦЕНТАР - Уште два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Од тематската седница на Владата: Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ

Во среда во Атина средба Мицотакис – Заев на самитот ЗАПАДЕН БАЛКАН ПОСЛЕ 2020

Господинот Заев, за три дена ќе биде во Атина во рамките на конференцијата на „Економист“, каде што ќе биде и премиерот на Албанија и ќе се сретнам и со двајцата, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во Солун и додаде дека постојат прашања за дискусија, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање за Договорот од Преспа, Мицотакис објасни дека конкретната тема е затворена, со оглед на тоа дека станува збор за меѓународен ратификуван договор, а Грција ги почитува таквите договори.

-Прашањето е затворено од моментот кога Грција го ратификуваше меѓународниот договор. Континуирано ја изразувавме нашата резервираност, но исто така имавме кажано дека Грција е земја на владеењето на правото и ги почитува меѓународните ратификувани договори. Ова прашање, да, затворено е, но она што не е затворено е правилното имплементирање на, според нашето мислење, еден проблематичен договор. И штом сме резервирани или постојат прашања за кои треба да се разговара, со господинот Заев или со било кој и да е премиер во Северна Македонија, очигледно дека ќе разговараме. Господинот Заев, за три дена ќе биде во Атина во рамките на конференцијата на „Економист“, каде што ќе биде и премиерот на Албанија и ќе се сретнам и со двајцата. Имаме прашања за дискусија, соседи сме, рече Мицотакис, пренесе МИА.

Грчкиот премиер објасни дека со премиерот на Албанија Еди Рама ќе разговараат за одлуката на Грција за проширување на морските територијални води во Јонското море, но и истакна дека „Грција треба да има протагонистичка улога на Балканот и ќе има протагонистичка улога на Балканот“.

Премиерот Зоран Заев, во среда ќе учествува на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, односно дводневната конференција на Економист, што традиционално се одржува секоја година, а сега е закажана за 15 и 16 септември во областа Лагониси, во источниот дел на регионот Атика.

Според објавената агенда, македонскиот премиер ќе учествува на панел дискусија посветена на Западен Балкан, на вториот ден од конференцијата.

За проширувањето на ЕУ и следните чекори, за реформите што треба да се спроведат, како и за трговијата и инвестициите, на панел дискусијата посветена на Западен Балкан, ќе дискутираат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и премиерот на Албанија Еди Рама, додека пак за политичката перспектива ќе говорат поранешните министри за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и Јоргос Катругалос, кои сега се пратеници од Нова демократија, односно СИРИЗА.

Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, министри од грчката Влада, меѓу кои и оние за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, шефот на кипарската дипломатија, амбасадорот на САД во Грција итн.

На ланската конференција на Економист, односно на 23-та тркалезна маса со грчката Влада, учествуваше тогашниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров. ср/сст/

loading...

AnimeTV free anime tv shows online: Kuroko's Basketball 2 Episode 25

GoGoAnime gogoanime website: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://gogoanime.be/m/AR41) Episode 1