Познавањето на повеќе јазици е економски капитал и богатство кое гради мостови на пријателство и запознавање со културните и историските вредности на другите народи.
Денеска со г-нот Марио Де Роса одговорен на трговско – економскиот оддел во Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија го посетивме ООУ „Сандо Масев“ каде што 78 ученици како втор го изучуваат италијанскиот јазик.
Освен во ова училиште, италијански јазик се изучува и во училиштето во Куклиш.