КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз

Во Струмица почна со работа доградбата на градинката „Детска радост“

Денеска е убав ден за Струмица.

Во употреба ја пуштивме доградбата на детската градинка Клон 2, за која Министерството за труд и социјална политика издвои 13 милиони денари. Капацитетот на овој Клон го зголемивме од 100 на 157 дечиња.
Овој прекрасен објект е резултат на соработката меѓу локалната и централната власт. Јас сум сигурен дека и во иднина таа ќе продолжи и ќе имаме уште многу убави проекти од кои директен бенефит ќе имаат нашите најмали, нашите дечиња, оти навистина ние постоиме за нив и треба да го трасираме патот за нивна светла иднина.

Од срце за дечињата на Струмица❤️

Тренчевска : Преку проширување на капацитетот, градинката „Детска Радост“ сега може да згрижи 157 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Струмица,Костадин Костадинов, денеска ја посетија детската градинка „Детска Радост“, од оваа општина, која што го прошири капацитетот за дополнителни 57 деца, со доизградба на нов дел поврзан со постојниот објект.

„Навистина ми претставува задоволство што денеска можам да најавам дека првата и најстара градинка во Струмица „Детска Радост“, објектот 2 го проширува капацитетот за прием на нови 57 деца. Со тоа, оваа градинка, досегашниот капацитет од 100 деца го зголемува на 157,“ рече министерката Тренчевска.
Таа рече дека за изведувањето на градежните работи и опремување на градинката, Министерството од Буџетот има обезбедено средства во износ од 17 милиони денари како дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година. Со доградбата, градинката добива 4 нови простории, од кои две (2) јаслени занимални и две (2) занимални во кои ќе бидат сместени деца од 2-4 години.

Министерката Тренчевска информираше и дека во Општина Струмица во завршна фаза е и изградбата на нова детска градинка со капацитет за 307 деца која се гради согласно Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на Светска Банка. Како и дека двете градинки заедно значително ќе го зголемат опфатот на нови деца. Тоа се над 360 деца на кои им се овозможува квалитетно предучилишно воспитание и образование.

Според градоначалникот на Општина Струмица, Костадинов континуираните ангажмани за проширување на капацитетите на постојните градинки, како и изградбата на новите градинки, значат премногу за општина Струмица и нејзините граѓани.

Тој изрази благодарност до Министерството за труд и социјална политика и министерката Тренчевска за заложбата и реализација на новиот објект-детска градинка и уверување дека, активностите ќе продолжат и во иднина, затоа што најмладите струмичани се врвен приоритет.

loading...

Tải go88 apk ios về ip - Android Game bài đại gia

Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN