Работна средба со Министерката за одбрана Славјанка Петровска, нејзини соработници и Иницијативниот одбор на армиски пензионери за усогласување на пензиите. Ефективно и ефикасно. Министерката го презентираше предлог законското решение со кое се предвидува усогласување на пензиите на сите армиски пензионери кои оствариле право на пензија од основањето на Армијата во 1992 година до донесување на законот во 2020 година, со кој се предвидува за пензиска основица да се рачунаат најдобрите 10 години, согласно овој закон.
Што значи, на оваа категорија пензионери, по изгласувањето на ова законско решение, ќе им се направи нова пресметка за пензија каде за пензиска основица ќе им се рачунаат десетте најдобри години од службата, согласно законот од 2020 година. Кога ќе биде?Согласно кажаното, процедурата започнува веднаш, и заедно со другите предлог измени ќе се форсираат најбрзите можни рокови. Сакам да искажам голема благодарност до Министерката Славјанка Петровска, на големото разбирање и заложба, но и до сите оние кој на било кој начин помогнаа да стигнеме до ова решение.
Нека е со среќа!
Драган Василевски, ДОСТОИНСТВО