Град Скопје ќе додели три милиони денари како помош за настраданите во земјотресот во Турција. Советот ја донесе одлуката на денешната 9-та вонредна седница. Во земјотресот во Измир животот го загубија повеќе од 60, а повредени се околу 900 лица.
Ист толкав износ градот Скопје доделува на сите градови за вакви и слични неприлики.
Градоначалникот Шилегов на седницата изјави дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне на нашите пријатели во неволја е нужна и неминовна. Тој, до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упатил длабоко сочувство за настраданите и му пожелил брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.