Премиерот Ковачевски на владина седница ги информираше членовите на Владата за пристигнатиот нов француски предлог
Премиерот Ковачевски на владина седница ги информираше членовите на Владата за пристигнатиот нов француски предлог
(ВИДЕО) ПАНИЧЕН ПРЕС НА МИЦКОВСКИ: ГО НЕМАМ ВИДЕНО НОВИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ, АМА НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!
(ВИДЕО) ПАНИЧЕН ПРЕС НА МИЦКОВСКИ: ГО НЕМАМ ВИДЕНО НОВИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ, АМА НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!
Николовски: Ги промовираме македонските локални производи, рекордна поддршка за 47 манифестации
Николовски: Ги промовираме македонските локални производи, рекордна поддршка за 47 манифестации
ДАФИНА СТОЈАНОСКА РАСПАЛИ: КАКВА ЦРНА ЕУ, КРАСНА МАЈКА РУСИЈА, БРАТОТ ПУТИН ЌЕ НЕ РАНИ И ЌЕ НЕ БРАНИ!
ДАФИНА СТОЈАНОСКА РАСПАЛИ: КАКВА ЦРНА ЕУ, КРАСНА МАЈКА РУСИЈА, БРАТОТ ПУТИН ЌЕ НЕ РАНИ И ЌЕ НЕ БРАНИ!
Пендаровски: Лидерските средби не се лек за секоја болка, нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите
Пендаровски: Лидерските средби не се лек за секоја болка, нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите
ВЛЕГУВАМЕ ВО ФОТО ФИНИШ, СТАНУВА ДРАМАТИЧНО: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЗАКАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 20 И 30 ЧАСОТ
ВЛЕГУВАМЕ ВО ФОТО ФИНИШ, СТАНУВА ДРАМАТИЧНО: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЗАКАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 20 И 30 ЧАСОТ
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиумите не се финалниот француски предлог
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиумите не се финалниот француски предлог
Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија
Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија

Вработените во Пошта ќе стапат во генерален штрајк ако не им покачат 50 евра на плата, најавија синдикалните организации

Како што наведуваат од синдикалните организации, причините за најавениот генерален штрајк се однесуваат и на загриженоста кај над 2 200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста за зачувување на нивните работни места

Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на С Македонија денеска најавија оти на 14 месецов ќе стапат во генерален штрајк доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3 000 денари (50 евра).

„Поради неуспешниот трипартитен дијалог помеѓу Управниот одбор на Пошта на С Македонија, Владата и синдикалните организации на Пошта на С Македонија, и нереализирање на барањата на вработените и Синдикалните организации на АД Пошта на Северна Македонија, Централниот одбор на Синдикат на Македонска пошта (СМП) и Извршниот одбор на Синдикалната организација на АД Пошта на Северна Македонија (СОПСМ) на 31 март донесоа одлука за започнување генерален штрајк“,

соопштија синдикалните организации, кои на 19 минатиот месец го ставија во мирување најавениот протест поради почнатите преговори за нивните синдикални барања.

Како што наведуваат оттаму, причините за генералниот штрајк што го најавија се однесуваат на загриженоста кај над 2 200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста за зачувување на нивните работни места.

Освен тоа, како што додаваат, причина за штрајкот е и незадоволството од нереализираното барање за линеарно покачување на нето-платите во висина од 3 000 денари кои не се покачени, како што велат од синдикатите, повеќе од 30 години, но и супстандардните услови за работа, незадоволството на вработените од постоечката систематизација и нереализирање на дел од барањата на вработените и синдикатите наведени во Заклучоците од 15 октомври минатата година.

„Со оглед на законското определување на времетраењето на постапката за помирување, штрајкот ќе биде во мирување до нејзиното завршување. Доколку не успееме да ги решиме заемните проблеми на мирен начин со помирувањето, Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Северна Македонија започнуваат со генерален штрајк на ден 14.4.2022 година со почеток во 8 часот, на работните места и простории кај работодавачот. Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата на штрајкувачите, односно до склучување на спогодба“,

стои во соопштението од синдикалните организации.

Работата на АД Пошта на Северна Македонија, како што е наведено во соопштението, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно Законот за поштенски услуги член 49 и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата на Синдикатите од страна на АД Пошта на Северна Македонија.

loading...

go88 like auto247 go88 Go88 Club | Go88.Live - Thiên Đường Cờ Bạc Online

sunwin không nạp được tiền