СКОПЈЕ ДОБИ НОБО ОДБОЈКАРСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ
СКОПЈЕ ДОБИ НОБО ОДБОЈКАРСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ
(ВИДЕО) Mерко не е Заев, краток му е фитилот - Откако доби рафал од прашања, до новинарка на ТВ Aлфа: Неписмена си!
(ВИДЕО) Mерко не е Заев, краток му е фитилот - Откако доби рафал од прашања, до новинарка на ТВ Aлфа: Неписмена си!
МЗ: ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАА 13 ИЛЈАДИ ФАЈЗЕР ВАКЦИНИ ВО ЗЕМЈАВА
МЗ: ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАА 13 ИЛЈАДИ ФАЈЗЕР ВАКЦИНИ ВО ЗЕМЈАВА
ВАКВИТЕ ПОТЕЗИ ГО ОЛЕСНУВААТ МНОГУ ЖИВОТОТ НА ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ: Се укинува роамингот на Западен Балкан – повици, СМС и интернет по домашни цени
ВАКВИТЕ ПОТЕЗИ ГО ОЛЕСНУВААТ МНОГУ ЖИВОТОТ НА ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ: Се укинува роамингот на Западен Балкан – повици, СМС и интернет по домашни цени
(ВИДЕО) 12 ГОДИШНА НАВИКА: Бенџамин Нетанјаху направи грешка и седна на премиерското место во кнесетот, иако веќе не е премиер!
(ВИДЕО) 12 ГОДИШНА НАВИКА: Бенџамин Нетанјаху направи грешка и седна на премиерското место во кнесетот, иако веќе не е премиер!
Маричиќ: Имаме недвосмислено право да го користиме кодот МКД
Маричиќ: Имаме недвосмислено право да го користиме кодот МКД
ПОЛИТИКАТА Е МНОГУ ПЕРВЕРЗНА - СЕ СРЕТНАА ЗАЕВ И ЈАНША, ПРИ ШТО ЗАЕВ МОРАШЕ ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА ЈАНША, ИАКО ТОЈ ИМА КАЖАНО ТОЛКУ МНОГУ НАВРЕДИ И НАПАДИ КОН НАШИОТ ПРЕМИЕР!
ПОЛИТИКАТА Е МНОГУ ПЕРВЕРЗНА - СЕ СРЕТНАА ЗАЕВ И ЈАНША, ПРИ ШТО ЗАЕВ МОРАШЕ ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА ЈАНША, ИАКО ТОЈ ИМА КАЖАНО ТОЛКУ МНОГУ НАВРЕДИ И НАПАДИ КОН НАШИОТ ПРЕМИЕР!
Утре во Скопје пристигнуваат 20 000 вакцини Астра Зенека од Грција
Утре во Скопје пристигнуваат 20 000 вакцини Астра Зенека од Грција

ВРЕМЕ Е ДА БИДЕШ АКТИВЕН – СКОПЈЕ ВЕЖБА НА ОТВОРЕНО

Со почеток од утре, 17 мај, па во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога и атлетика. Проектот „Скопје вежба“ кој има цел да им помогне на граѓаните да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

– Градот Скопје преку професионални тренери ќе им овозможи на граѓаните на Скопје бесплатна физичка активност во текот на попладневните часови, од понеделник до петок. Нашата цел е кај помладите генерации да всадиме навики за физичка активност, а кај постарите генерации да стимулираме еден поинаков и поздрав начин на живеење. Сакам да се заблагодарам на Факултетот за оваа заедничка акција со која ќе овозможиме на Скопје и на скопјани еден поинаков пристап кон физичката култура. Се надевам дека на крајот на јули кога ќе заврши оваа активност ќе може со задоволство да ги констатираме позитивните бројки на граѓани кои ја искористиле оваа можност – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната промоција на проектот „Скопје вежба“.
Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. др.Ленче Алексовска – Величковска изрази задоволство што Градот Скопје препозна партнер во нивната институција која постои 40 години.

– Ќе изведуваме физичка активност во оваа пандемија која за жал се уште трае. Ќе ги почитуваме сите препораки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Првичната цел е да ја подигнеме свеста за физичката активност кај сите категории – и деца и адолесценти и возрасни. Тука зад мене се сите универзитетски професори, експерти кои што ќе бидат вклучени, зашто не е само да се вежба, туку треба да се одговори на многу прашања – колку да се вежба и како да се вежба за да се сочува и менталното и физичкото здравје – објасни Величковска.
Продеканот за настава на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Борче Даскаловски, пак, рече дека предизвиците на новото време и седалниот начин на живот доведуваат до многу здравствени проблеми кај граѓаните.

-Ќе дадеме еден импулс, една насока како треба да се работи во сите возрасни категории, како правилно да се вежба со примена на одбрани дисциплини коишто се многу актуелни во светот, а и кај нас, со кои ќе можат да се подобрат и да се поттикнат одредени метаболички и физиолошки својства на организмот, а со тоа да се подобри и здравствената состојба – рече Даскаловски.

За дневниот распоред на вежби во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните ќе можат да се информираат на Интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје. За вежбање се предвидени 6 локации -две локации во Градскиот парк; паркот кај„Три Бисери“ во Аеродром; паркот во Ѓорче Петров;кај Веро Тафталиџе во Карпош и паркот во Чаир.

Градот Скопје финансиски го поддржува овој спортско рекреативен и забавен проект со 500.000 денари.

Значајно е да се нагласи дека минатата година, во екот на пандемијата од Ковид 19, Градот Скопје адаптира дел од Програмата за спорт за 2020 година со цел на граѓаните,додека се дома,да им понуди стручно одржување на формата и здравиот начин на живот.Периодот на вонредни услови на граѓаните не им овозможи да ги посетуваат теретаните, фитнес студијата и спортските сали, па затоа Градот Скопје и тимот инструктори на скопјани импомогнаа да вежбаат дома за да продолжат со спортското живеење и физичката активност.

Вежбите беа проследувани онлајн на официјалнатафејсбук страница на Град Скопје и опфатија различни типови на вежбање, односно по неколку серии од фитнес-кросфит, пилатес и пауер пилатес, аеробик, ултимејт фит – функционален тренинг, кондициски вежби, како и вежби за атлетика и јога.

Оваа година продолжува периодот на вонредни пандемиски услови, но со полесни рестриктивни мерки, што овозможува граѓаните да се движат и да вежбаат на отворено.

loading...

AnimeFreak anime freaks: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://animefreak.ws/m/aZo) Episode 25

AniWatch dubbed anime: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 24