Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

ЗА 2022-РА БУЏЕТОТ ЗА ВОЈСКАТА ЌЕ БИДЕ 3,36 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Годинава Грција седумкратно ќе ги зголеми трошоците за нова воена опрема и модернизација на постоечките оружени системи во споредба со 2020 година

Кога пред неколку недели француската компанија за вооружување Навал Груп испрати покани за свечената церемонијата за ставање во употреба на првата фрегата од типот Белхара, еден посетител од Атина беше меѓу почесните гости во салата на бродоградилиштето: Танос Докос, советник за национална безбедност на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од грчката престолнина пристигна во бродоградилиште на Навал во Лориен, Бретања. Грција е првиот странски клиент за новиот високотехнолошки тип на брод. На грчката морнарица треба да ѝ бидат испорачани три фрегати во 2025 и 2026 година. Грција има опција за купување на четврти брод од овој тип.

Набавката на фрегатите е дел од масовната програма за вооружување. Годинава Грција седумкратно ќе ги зголеми трошоците за нова воена опрема и модернизација на постоечките оружени системи во споредба со 2020 година. Премиерот Мицотакис не само што сака да ја вооружи својата земја наспроти нејзиниот сѐ поагресивен сосед Турција, туку Грција би сакала и да се претстави како нов бастион на југоисточното крило на НАТО – исто така во директна конкуренција со Турција. Многумина во Алијансата ја гледаат Турција како сè попроблематичен и понесигурен сојузник поради зачестеното вртење на грб на Западот, договорите за оружје со Русија и авторитарниот стил на владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Мицотакис добива поддршка од САД и од Франција – и тоа не целосно алтруистички: и двете земји имаат легитимни надежи за профитабилни нарачки од Атина.

Нарачки од Франција, САД…

Во прв ред француската индустрија за вооружување прави добар бизнис со Грција. Покрај фрегатите, Атина е заинтересирана и за купување на пет корвети Говинд од производителот на Белхара – Навал Груп. Грчката веб-страница Дифенспоинт, специјализирана за воени прашања, неодамна објави дека преговорите се „чекор до завршување“. Францускиот производител на авиони Дасо, исто така, може да очекува нарачка од Атина: компанијата ќе испорача 18 борбени авиони Рафал во Грција. Првиот авион се очекува да пристигне во воздухопловната база Танагра, во близина на Атина, во следните неколку дена. Преговорите за испорака на уште шест авиони се при крај.

Американскиот концерн за вооружување Локид е исто така вклучен во воените инвестиции на Грција: компанијата во моментов со Хеленик Аероспејс работи на нарачка за модернизација на 84 постари борбени авиони од типот Ф-16 на грчките воздухопловни сили. Локид исто така се надева на нарачка од Грците за најсовремениот борбен авион, стелт-џетот Ф-35. За својата морнарица, Грција нарача седум хеликоптери МХ-60Р од американскиот производител Сикорски.

Владата ја придружува програмата за вооружување со низа билатерални договори за воена соработка. Во средината на октомври, Атина и Вашингтон потпишаа петгодишен договор за воена соработка. Четири недели претходно, Мицотакис со францускиот претседател Емануел Макрон потпиша договор за стратешка соработка и заемна воена помош.

Турција остана без 100 авиони Ф-35

Според грчкото Министерство за одбрана, турските борбени пилоти во минатата година имале дури 48 неовластени прелети над грчка територија. Реториката, исто така, станува сè поагресивна: турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се заканува дека Турција „ќе се соочи со Грција на бојното поле доколку е потребно“.

Иако турските вооружени сили се побројни од грчките, сепак воените експерти сметаат дека евентуалната набавка на авионите Ф-35 од страна на Грција е „менувач на играта“. Експертите сметаат дека тоа може да ѝ обезбеди на Грција воздушна супериорност во Егејското Море.

Пикантен податок: Турција, која првично нарача 100 авиони од овој тип, мораше да се откаже од нив. Американската влада, имено, ја стопираше испораката затоа што Ердоган нарача противвоздушни ракети Ц-400 во Русија. Вашингтон стравува дека ракетите стационирани во Турција би можеле да ѝ овозможат на Русија да ги шпионира предностите и слабостите на авионите Ф-35. Договорите за оружје на Ердоган со Русија не само што ги затегнаа односите меѓу Анкара и Вашингтон, туку посеаја и сомнежи во НАТО за веродостојноста на партнерот-сојузник Турција. Грција се обидува да ја искористи ваквата ситуација. Премиерот Мицотакис ја претставува својата земја како сигурна алтернатива. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја пофали Грција како „веродостоен партнер“ и „столб на стабилноста“ во источниот Медитеран.

Текстот „Грција се вооружува“ е објавен во печатеното издание на германскиот весник „Рајнише пост“

loading...