Добитници на наградата „13 Ноември“ од областа на здравствена заштита е медицинскиот тим на доктори составен од доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емирија Цветковска, д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушноска.
36 годишна пациентка со епилипсија чија состојба повеќе не реагирала на лекови е првата пациентка на која е направена хируршката интервенција имплантација на вагус нерв стимулатор. Тимот на хирурзи од неврохиругија на чело со докторите Владимир Рендевски и Венко Филипче во соработка на тимот доктори од неврологија Бојан Бошковски и Иван Барбов ја направија оваа прва интервенција во Македонија и се втор центар во регионот по Белград.
За неврохиругот Филипче оваа интервенција ќе даде самостоен живот на пациентите и нападите кои биле и по 20 пати на ден ќе бидат многу намалени.
Пациентатка се лекувала долги година на клиниката за неврологија. Доктор Бошковски вели дека целосните добри резултати ќе бидат за четири до пет години. Една ваква интервенција во странство чинела од 25 до 30 илјади евра со дополнителни контроли.
Овој тим ја доби наградата 13 ноември за достигнувања во здравствената заштитата. Наградата беше доделена на роденденот на Скопје 13 ноември.