Вечерва во 21 часот на следниот линк, ќе се деси дебатата на годината, каде тројцата водачи на Движење Бојкотирам, Пази Леџа, Никса и Петар ќе бидат брутално масакрирани од Саше Политико.
Дечките се преценија и прифатија дебата, нешто на што 10 години не се осмелуваат многу поголеми ѕверки од нив како Ефтов, Миленко, Геро, Пандов и цела Алфа ТВ и остала вмровска машинерија. Затоа што сите знаат што ги чека, тотален МА – СА – КАР!
Ќе ни биде жал за дечките од Бојкотирам, но нивните политички идеи се толку опасни што нивниот масакар е должност за еден водач на Заевистите како што е Саше Политико!
Кој сака добра и забавна дебата само нека набави пуканки нека седне пред телефоните или компјутерите и нека ужива!
Дуелот ќе се пренесува во живо и на ФБ групата на Движење Бојкотирам, линк овде.