Една слика што ја покажува сплотеноста во СДСМ Центар и која испраќа една единствена порака до ДПМНЕ.
Една слика што ја покажува сплотеноста во СДСМ Центар и која испраќа една единствена порака до ДПМНЕ.
Ние сме сигурни победници и во вториот круг на изборите, вели Илиевски
Ние сме сигурни победници и во вториот круг на изборите, вели Илиевски
МАЛЕСКИ -ЗАКЛУЧОК ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Подем на националистите и на радикалите
МАЛЕСКИ -ЗАКЛУЧОК ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Подем на националистите и на радикалите
Шилегов: Скопје тргна напред, сите кои го носите во срцето, излезете на избори!
Шилегов: Скопје тргна напред, сите кои го носите во срцето, излезете на избори!
(ВИДЕО) Кондовски: Битола ќе доживее економски и инфраструктурен бум!
(ВИДЕО) Кондовски: Битола ќе доживее економски и инфраструктурен бум!
ИСМЕТ РАМАДАНИ: МАКЕДОНСКИОТ ГЛАСАЧ ГЛАСА ЕМОТИВНО И МИСЛИ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ
ИСМЕТ РАМАДАНИ: МАКЕДОНСКИОТ ГЛАСАЧ ГЛАСА ЕМОТИВНО И МИСЛИ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ
Иванов: ВМРО-ДПМНЕ не е партија на која треба да ѝ се даде централна власт
Иванов: ВМРО-ДПМНЕ не е партија на која треба да ѝ се даде централна власт
МИЦКОВСКИ Е ДАЛЕКУ ОД СВЕСТА НА МУЦУНСКИ - Муцунски испи кафе со противкандидатите: Потребно ни е обединување
МИЦКОВСКИ Е ДАЛЕКУ ОД СВЕСТА НА МУЦУНСКИ - Муцунски испи кафе со противкандидатите: Потребно ни е обединување

Заев: Балканот веќе не е буре барут и не е темпирана бомба

По прашањето на Отворен Балкан, како премиери, имаме различен став, ама тоа не ни е пречка одлично да соработуваме затоа што должност ни е да им служиме на нашите граѓани, на економијата, на коморите, на институциите и тоа токму го правиме, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со премиерот на Косово, Албин Курти.

– За мене денес е историски ден, на оваа прва меѓувладина конференција на 30 години независност на Р. Северна Македонија и 13 години независност на Косово. Јас само ќе кажам дека Косово е суверена и независна држава, ги гради своите ставови и ги почитуваме тие ставови. Како човек ќе кажам дека сум познат по постигнување на договори, доказ за тоа се и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, вели Заев.

Премиерот Заев верува дека Балканот треба да има дијалог, треба да има разговори и да постигнува договори.

– Како што рече и премиерот Курти, на тој начин повеќе ќе се европеизираме, ќе ја унапредиме регионалната соработка и ќе го засилиме нашиот пат кон ЕУ. Целиот Западен Балкан, сите 6 земји немаат друга алтернатива освен членството во ЕУ. Секое билатерално, мултилатерално договорање овде во регионот е апсолутно заради побрза, поефикасна иднина во ЕУ на сите наши земји, истакна тој.

Нашата земја покажа храбри чекори заради постигнување на таа цел а тоа е полноправно члентсво во ЕУ. Ја постигнавме втората стратешка цел, НАТО. Во едни такви околности мислиме дека ако регионот повеќе соработува и Западна Европа и северна Европа и останатиот дел од Европа уште повеќе ќе почитува, смета премиерот.

– Балканот веќе не е буре барут, Балканот не е темпирана бомба. Балканот е Балкан на 21 век, ние денес и билатерално тоа го потврдивме со Р. Косово, сите наши министри, ние како премиери. Јас сум уверен дека во иднина дијалогот, дипломатијата, добрата мисла, пријателството, подадената рака се иднината на европскиот дел на Балканот. Нашето место е заслужено да биде таму, како членки на ЕУ, заклучи Заев.

loading...

4Anime: Aria the Scarlet Ammo (Dub) anime episode 12 online free at https://4anime.biz 4anime kakegurui

AnimeDao: Rozen Maiden (Dub) anime episode 12 online free at https://animedao.nl animedao gintama

WCOStream: Kaijuu Girls: Ultra Kaijuu Gijinka Keikaku 2nd Season anime episode 12 online free at https://wcostream.cc wcostream attack on titan

https://animeflv.uk gogoanime

Myanimelist: https://myanimelist.net/profile/gogoanimelol

Anchor: https://anchor.fm/animefreakws