НЕПРАВДАТА БОЛИ ПА ДУРИ И АКО ДЕЛ ОД БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО КАДЕ БУКВАЛНО СЕ ЈАДЕ ОД ЗЛАТНИ ЛАЖИЦИ И ТАЊИРИ - ИМАШЕ МОМЕНТИ КОГА НЕ САКАВ ДА ЖИВЕАМ ПОВЕЌЕ – МЕГАН МАРКЛ ГО ОБВИНИ БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО ЗА РАСИЗАМ И ЛОШ ОДНОС ВО ИНТЕРВЈУТО СО ОПРА ВИНФРИ

ЗАЕВ: ЕДНА РАБОТА МИ СМЕТА КАЈ НАШИТЕ ГРАЃАНИ, ШТО НИКАКО НЕ МОЖАМ ДА ГО РАЗБЕРАМ...
ЗАЕВ: ЕДНА РАБОТА МИ СМЕТА КАЈ НАШИТЕ ГРАЃАНИ, ШТО НИКАКО НЕ МОЖАМ ДА ГО РАЗБЕРАМ...
Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, имал различни ставови од раководството на ДУИ
Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, имал различни ставови од раководството на ДУИ
БРАВО - Заев: Извозот расте, продолжува поддршката за сите дејности
БРАВО - Заев: Извозот расте, продолжува поддршката за сите дејности
(ВИДЕО) ВУЧИЌ: МОЈОТ ДОБАР ПРИЈАТЕЛ ЗАЕВ ИМ ВЕРУВАШЕ ПРЕМНОГУ НА ЕУ КОИ МУ ВЕТИЈА ДЕКА ЌЕ МУ ОБЕЗБЕДАТ ВАКЦИНИ ПА ГО ЗАФРКНАА!
(ВИДЕО) ВУЧИЌ: МОЈОТ ДОБАР ПРИЈАТЕЛ ЗАЕВ ИМ ВЕРУВАШЕ ПРЕМНОГУ НА ЕУ КОИ МУ ВЕТИЈА ДЕКА ЌЕ МУ ОБЕЗБЕДАТ ВАКЦИНИ ПА ГО ЗАФРКНАА!
(ВИДЕО) ШЕКЕРИНСКА: СДСМ НАПРАВИ РЕВОЛУЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ЖЕНАТА ВО ЗЕМЈАВА, НО ВО ЗЕМЈАВА ИМА ЕДЕН ЧУДЕН ПАРАДОКС, ЖЕНИТЕ ДОМА И СО ДЕЦАТА РАБОТАТ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ, АМА ОЧЕКУВАМЕ ТИЕ ДА СЕ БОРАТ ВО БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА СО ИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОСВЕТЕНОСТ КАКО И МАЖИТЕ?!

(ВИДЕО) Заев на онлајн трибина на Форум на жени: Ќе се воведе секретаријат во владата за родова еднаквост, нема да дозволиме ниту една форма на родово базирано насилство, држвата е тука да ги заштити жените и девојчињат

ЖОЛТ КАРТОН ЗА ДУИ: Вишото јавно обвинителство на Скопје го зароби предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември лани не ѝ го дава на Скопска апелација

Заев: Бугарија не бара промена на Уставот, нема да има нов договор, после Делчев ќе се отворат и други прашања

Бугарија не бара од Северна Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали се размислува за нов договор меѓу Северна Македонија и Бугарија и дали Софија побарала промена на нашиот Устав.

– Договор ние веќе имаме. Тоа е Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Низ тој договор се решаваат историски поглавја што треба да бидат дел од нашето заедничко чествување низ кое ќе го градиме пријателството, а тоа е како дел од заедничката историја. Во договорот што е потпишан, потпишан е на македонси јазик и на бугарски јазик, се зборува за двата народа. Нашиот македонски јазик и македонски народ е впишан во ОН и признаен од целиот свет, поради тоа што сѐ уште има дилема во наративот од пријателска Бугарија „ние ја признаваме реалноста за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ“. Очекувам исчекор и израз на огромно пријателство, тоа го чувствува бугарскиот народ спрема македонскиот народ, тоа го чувствува македонскиот народ спрема бугарскиот народ, очекувам јасен недвосмислен исказ за потврда на нашиот македонски јазик и македонски народ. Ниту има потреба, ниту држави признаваат идентитет, ниту држави се повикани да признаваат идентитет – рече Заев.

Тој најави дека во следниот период ќе продолжат разговорите на заедничката Комисија за историските прашања, изразувајќи охрабрување да продолжат со засилена динамика. Заев истакна дека право и обврска на заедничката Комисија е да ги решаваат историските поглавја и историските личности заради определбата во договорот преку нив заедно да чествуваме и да го зголемуваме пријателството помеѓу двете земји.

– Ја поздравувам уште еднаш работата на Комисијата, инвентивноста и меѓусебното разбирање и верувам дека ќе се најдат решенија на прашањата како што е следното за Гоце Делчев и за сите следни коишто ќе ги отворат. За една година имаме решенија за пет историски личности, во три историски периоди и тоа само по себе е потврда дека продолжуваме и понатаму да ги решаваме прашањата, токму во духот на пријателството, соработката и негувањето на добрососедските односи помеѓу двете земји. Вториот дел е на одлуката на Бугарија, таа е земја-членка на ЕУ и сите во декември, под раководство на германското претседателство, сите земји членки на ЕУ, треба да донесат одлука за првата меѓувладина конференција – оцени премиерот.

Заев изрази уверување дека Бугарија која и досега била голем поддржувач за нашите евроатлантски интеграции, ќе продолжи и во иднина да биде најголем поддржувач, бидејќи, како што кажа, во сите свои изјави бугарската страна тоа го потврдува.

– Верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи, тогаш треба да се знае дека се барало од наша страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме, ниту би сакале да прифатиме. Но да оставиме простор да се разговара од страна на комисиите – дециден е Заев.

Тој повтори дека идентитетот е чувство и право на определба и голема европска вредност.

– Очекувам бугарскиот народ преку сите свои претставници да има недвосмислено јасно потврдување на фактот на постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ затоа што пријателите, браќата тоа го прават. И не треба никојпат тоа да биде доведено во прашање. Впрочем, и како што слушам во изјавите и на Борисов и на другите дека тие ја прифаќаат реалноста за постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик и сакаат да дебатираат логично за историјата, за заедничкиот дел од историјата, за посебниот дел од историјата, но во духот на пријателството верувам дека ќе се изнаоѓаат решенија – повтори Заев.

Во врска со барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба за барањата на Бугарија, Заев рече дека нема потреба од лидерска средба, додавајќи дека со тоа само ќе се одмогне процесот на евроинтеграциите на Северна Македонија.

– Навистина не гледам потреба за лидерска средба за нешто што е работа на комисиите. Во моментов ЕУ подготвува прва Меѓувладина конференција каде што секоја од земјите има право да донесе одлука, солидарно и консензуално се носат одлуките. Првата Меѓувладина конференција значи и официјален старт на преговорите и спроведување на одлуката од март на Европскиот совет за почеток на преговорите. Истовремено, како што знаете, јас го предупредив нашиот македонски народ и стојам на тоа предупредување дека постои можност и да не се одржи првата Меѓувладина конференција. И сите знаеме зошто, поради тоа што можно е една земја пријател, сосед, брат да не даде позитивно светло – рече Заев.

Според него, Мицкоски досега ниту имал став, ниту во нешто одговорно се втурнал за да помогне на историскиот исчекор на нашата земја, ниту пак, како што рече, сега гледа нешто како потребно дека тој ќе го помогне тој процес.

– Процесот се води меѓу министерствата за надворешни работи, разговараат луѓето, тоа е институционално поставен процес и верувам дека ќе се изнајдат решенија. Можеме само да го одмогнеме процесот ако за вакви прашања свикуваме лидерски средби или за слични прашања поради тоа што тоа не е прашање за кое што треба лидерите да се натегаат, да се минираат, да се пренамагаат сѐ со конечна цел да остане државата да тапка во место, уназадена и да не ги продолжува понатаму евроинтеграциските процеси – заклучи премиерот одговарајќи на новинарски прашања по меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ што се одржува во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

loading...

Fire Force Season 2 (Dub) Episode 17 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free online

Your Lie in April Episode 22 at AnimeFreak anime freaks website