Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
Колев: Бугарите во Северна Македонија очекуваат да бидат дел од Уставот
Колев: Бугарите во Северна Македонија очекуваат да бидат дел од Уставот

Заев денеска во Берлин ќе прими награда за мирното рушење на режимот на Груевски и враќањето на Северна Македонија на патот кон НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе ја прими Наградата за човекови права за 2020 година што му ја додели германската Фондацијата „Фридрих Еберт“. Наградата ќе му ја врачи министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, кој притоа ќе одржи и пригоден говор, пренесе 360Степени.

По свечениот дел, предвидена е дебата со Заев на тема: „Како да ги заштитиме човековите права и мултилатерализмот во време кога овие вредности се под голем притисок“.

Зошто Заев ја добива наградата?

Во најавата за настанот, од Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) велат дека „2020 година не беше најдобра година кога се во прашање човековите права„ и дека „голем број авторитарни режими, под закрилата на ковид-пандемијата, беа во можност да го ограничат ползувањето на човековите права до степен кој во голема мера го надминува справувањето со вирусот“. Меѓународната заедница многупати се најде себеси во позиција на инфериорност, со цел осудување на ваквите акти. За жал, секоја земја беше преокупирана со сопствената ситуација, оценуваат од ФЕС.

„Поради овие причини, сметаме дека е уште поважно да се нагласат успесите на оние кои се спротиставија на овој негативен тренд. Ваков светол пример за надеж е Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија во 2017 година или потпишувањето на Договорот од Преспа со Република Грција со кое се стави крај на 27-годишниот спор за името, туку пред сѐ во самата Северна Македонија. Уште повеќе, како предводник на опозицијата, Заев се издвои како личност од исклучителна важност во борбата за граѓанските и човековите права на сите Македонци, со што на мирен начин се залагаше за нови избори во рамки на движењето ‘шарена револуција’.

По бројните разочарувања, реформираната политиката на Заев уште во март доведе до позитивна одлуката на државите-членки на ЕУ да ги започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што во голема мера го изгради патот за влез на Северна Македонија во НАТО, како нејзината 30. членка“ пишуваат од ФЕС во образложението за наградата.

Симболика

Свеченоста за врачување на наградата во Берлин се случува еден ден пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, на кој треба(ше) да се усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија за во декември да се одржи првата Меѓувладина конференција. Според последните информации, тоа нема да се случи поради вето од Бугарија, меѓу другото, и затоа што во Софија сметаат дека македонската страна не го спроведува Договорот за добрососедство.

Заев утре во Берлин ќе се состане со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој во вторник ќе претседава со Советот за општи работи на ЕУ.

loading...

AnimeTV anime sites: Watch High School DxD Episode 5 (https://animetv.cc/m/vKe/ep-5)

AnimeFreak vinland saga animefreak: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 23