Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

ЗАЕВ ДОБИ ПОДДРШКА ОД ПРВИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, МАЛЕСКИ: Помирувањето и историската вистина одат заедно

Вистината треба да стане наша водилка низ минатото, сегашноста и иднината. Од неа отстапување не смее да има. Вистината е една од споделените вредности на демократиите. Ако дојде време големите сили директно да се ангажираат во македонско-бугарскиот спор, политичарите ќе побараат помош од своите историчари. Тогаш ќе разбереме колку нашата историска мисла е компатибилна со светската. Такво време не е дојдено, изјави некни американската амбасадорка во нашата земја и очекувањата се политичарите на Македонија и на Бугарија да најдат решение кое ќе ни ги отвори вратите кон ЕУ.

Наместо да видат до кој степен нивната досегашна работа е во согласност со објективните историски факти, македонските историчари отвораат фронт кон сопствената влада против обидите таа да поведе по европскиот пат на помирување со Бугарија. Нивните стравови дека ќе биде заборавена „отсечената глава на Невена Георгиевска Дуња, убиството на ваташките младинци или холокаустот на Евреите“ се без никаква основа. Тие историски факти никој не може да ги избрише. Помирувањето меѓу Америка, Велика Британија или Франција со Германија не е на штета на историската вистина. Доказ за тоа се документарните серии на History Channel, на безброј филмови и на обемна историска литература посветени на нацизмот и на фашизмот. А, сепак, денешните Американци, Британци и Французи се најдобрите пријатели со денешните Германци. Овие народи сега споделуваат исти демократски вредности и ги воспитуваат своите деца во духот на толеранција, простување и незборавање. Незаборавање не толку на она што Германија го сторила на Евреите колку на тоа што може еден народ да му направи на друг ако им се даде слобода на злите духови во луѓето да излезат од шишето.

Во деведесеттите мојата најмала ќерка Владица мина низ искуството да менува училишта – градинка во Њујорк, прво одделение во Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, а второ во Riverside School во Принстон. Потоа пак назад во Карпош. Од вредностите кои ѝ ги втисна американскиот школски систем не може да избега ни денес: стремеж кон еднаквост, космополитизам, грижа за човековата околина, да спомнам само некои. Во школото во Скопје, пак, седум-осумгодишното девојче беше импресионирано со бројот на херои кои ги има Македонија и страшниот начин на кој ги завршиле своите млади животи. Не разбираше кој комушто сторил но никогаш не падна во стапицата на гнев и омраза кон други народи. А заклучи дека „сите народи на Балканот меѓусебе се мразат“, па следеше прецизно набројување кој кого мрази. Не ѝ кажав дека почетоците на омразата ги забележав во осумдесеттите, кога попушти стегата на еднопартискиот систем и почна да се руши Југославија во која за вербална навреда на национална основа се одеше во затвор. Кога попушти репресијата, бевме слободни да навредуваме па прво што исплива на површина беше гневот и омразите кон другите народи.

Не, нема да се заборави „отсечената глава на Невена Георгиевска – Дуња, на убиството на седумте ваташки младинци и на холокаустот на Евреите“ ако политиката на Македонија го поведе народот кон простување и помирување. Само ќе ги ослободи граѓаните од гнев и омраза и ќе ги направи граѓани на Европа и на светот. Ќе ги направи и помалку податливи на екстремни идеологии кои се закана за мирот и прогресот. Што се однесува до македонската нација, денес таа ги има сите инструменти да се вклучи во широкото поле за културен натпревар меѓу народите. За нејзина афирмација, пак, потребна е само работа и дисциплина.

ИЗВОР: ПЛУСИНФО.МК

loading...

Go88 - Huyền Thoại Nỗ Hũ Siêu To sunwin - go88 go88 info

đánh bài online sunwin chơi game sunwin trực tuyến sunwin apk 2020