Премиерот Зоран Заев, заедно со Ерик Ското, претседател на француската компанија „Акуо Енерџи“ како и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, денеска го промовираше договорот за стратешката инвестиција „Соларен парк Стипион“, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати. Проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра.
Прмиерот рече дека на тендерот се пријавиле компании кои ќе произведат 207 мегавати електрична енергија со премиум тарифа и дека енергетската криза немало да биде со толкав интензитет доколку претходната власт не трошела пари за непродуктивни проекти.
– Потребна е добра подготовка, поволни кредити и избор на успешни форми. Ова требало да се направи многу порано, така енергетската криза немаше да биде со ваков интензитет, наместо да се троши на рајски градини, фасади што паѓаа на посилен ветар, а не се изгради ниту еден сериозен енергетски објект, рече Заев.
Соларниот парк на „Акуо Енерџи“ ќе биде најголем на Западен Балкан.