(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!

Заев, Гир и Јаневски на отворањето на Европската куќа во Струмица: Европа е нашиот дом и нашето семејство

Премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски денеска во Струмица свечено ја отворија „Европската Куќа“.

Ова е трета локација по Скопје и Крива Паланка каде што се отвораат вакви објекти, а нивното отворање и нивниот концепт се сеопфатен одговор на барањата и потребите на нашите граѓани да бидат во најблизок контакт со политиките на ЕУ, кои се од интерес на младите и на граѓаните на нашата земја и придонесуваат за активно вклучување во обликувањето на европската иднина на земјата.

„Кога ќе речеме „Европска куќа“, тогаш зборот куќа не го толкуваме како нешто што означува архитектонски објект, туку како дом. А каде што има дом, таму има и семејство. Најчесто Европската Унија ја нарекуваме – Европско семејство. Ако е тоа така, тогаш оваа „Европска куќа“ што денес ја отвораме, не е ништо друго туку Европски дом за младите струмичани“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

„„Европска куќа“ ќе биде исклучително жив простор во кој младите од Општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека „Европска куќа“ ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати“, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Со заменувањето на ЕУ Инфо центрите со Европски куќи се овозможува младите луѓе да имаат место каде што ќе ги развиваат нивните критички размислувања, ќе ги зајакнуваат своите мрежи и ќе бидат директно вклучени во обликувањето на европската иднина на својата земја.

„Позитивните искуства кои ги имавме со отворањето во Скопје не инспирираа да отвориме повеќе вакви точки за идните генерации ширум градовите во Северна Македонија. Младите луѓе мора да бидат дел од отворениот дијалог за Европските перспективи на земјата од првиот ден. Мора да се вклучени во разговорите за сите големи прашања и да бидат активни чинители“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната церемонија во Струмица.

loading...