(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

Заев и Нуредини: Процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје е сѐ уште отворен за сите сугестии и предлози за најдобро решение кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини примија делегација на претставници на повеќе граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина, предводени од организациите „Го сакам Водно“ и „О2“, како и повеќемина експерти од оваа област, кои покажаа интерес за иницијативата на Владата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје, за која во досегашната јавна расправа поддршка дадоа над триесеттина граѓански организации и поголем дел стручната и академската јавност.

Претставниците на граѓанските организации и експертите присутни на оваа средбата изразија очекувања дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје ќе ги земе предвид и аспектите на заштитната улога што ја има оваа планина за градот Скопје од поплави, ерозија на земјиштето и од пожари.

Претседателот на Владата Заев и министерот Нуредини нагласија дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје се донесува врз основа на Законот за заштита на природата, кој е донесен по претходно усогласување со законодавството на ЕУ, и со кој се обезбедува интегрирана заштита на заштитените подрачја во корелација и со другите релевантни закони.

Со одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје, беше нагласено на средбата, ќе биде донесен и План за управување на подрачјето и Просторен план кои по дефиниција ги опфаќаат сите пропишани мерки и активности за заштита на природата, а особено мерки за управување со просторот и утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерките за заштита од ерозија.

Дополнително, во Одлуката ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување во кој ќе бидат прецизирани мерките за заштита и за интегрирано управување со заштитеното подрачје.

Премиерот Заев и министерот Нуредини на средбата истакнаа дека одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и дека процесот е отворен за сите сугестии и предлози во насока на најдобро решение кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита на природата на планината, како и на другите аспекти за заштита.

loading...