Огромен товар падна на нивниот грб и ја заслужуваат најголемата почит за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Затоа, во име на граѓаните, им изразив благодарност за посветеноста и што дадоа сè од себе за да ги спасат, зачуваат и подобрат здравјето на граѓаните.
Изминатите две години покажаа дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем и сѐ уште покажуваат како со пожртвувана работа се чува државата. Убеден сум дека граѓаните, нивното здравје и лекувањето на пациентите, остануваат во врвот на приоритетите и во наредниот период.