Инвестициите во обновливи извори на енергија се наш приоритет. Чест ми е да најавам две нови стратешки инвестиции во фотонапонски електрани во општините Карбинци и Пехчево. ☀🇲🇰
Владата ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернатионал ДООЕЛ Скопје“ и на компанијата „ХЕК Солар МК ДООЕЛ Скопје“. 🤝
➡️ „Ринуабл Пауер Интернатионал“ ќе инвестира во фотонапонска електрана со јачина од 85 MW, вредна 63 милиони евра, во атарот на Долни Балван, Општина Карбинци.
➡️ Компанијата „ХЕК Солар МК“, ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 MW и со вредност од 53 милиони евра во Општина Пехчево.
Северна Македонија е лидер во Западен Балкан во однос на зелена трансформација и е првата земја во регионот којашто прави енергетска транзиција на термоелектрана во капацитет кој ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици.
Посветено работиме на праведна енергетска транзиција, зголемување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.