Мора да им се застане на патот на сите кои го корумпираат нашето општество. А тоа го можеме само заедно со граѓаните кои постојано ги охрабруваме гласно да покажуваат на корупцијата, напиша Премиерот Заев на Твитер објавувајќи линк преку кој граѓаните ќе можат да пријават корупција.
Но според податоците кои ги објавува Транспаренси интернешнел Македонија се подлабоко тоне во корупција а влестите или немаат воља или не знаат како да се справат со корупцијата која е присутна во секоја пора од општеството.
Невладината на почетокот на годината ја објави листата според Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) а нашата држава ја рангираше на 111 место што е најлошо рангирање откако ИПК се мери во Македонија.На оваа листа нашата држава го дели 111 местосо Босна и Херцеговина, Панама и Монголија. За само две годни државата бележи пад 18 места и е најлошо рангирана во регионот на Западен Балкан.