КОВАЧЕВСКИ: Растот на просечната плата продолжува, имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година, тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со лани.
КОВАЧЕВСКИ: Растот на просечната плата продолжува, имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година, тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со лани.
КАКВА БУДАЛА, ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ГУШКАЛ СО ЦЕЛ ГРАД ИАКО ЗНАЕЛ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД?!?!
КАКВА БУДАЛА, ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ГУШКАЛ СО ЦЕЛ ГРАД ИАКО ЗНАЕЛ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД?!?!
ДАНЕЛА ИЗЛЕЗЕ НАЈГОЛЕМА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ЗА СКОПЈЕ ПОСЛЕ ПИКОЛОМИНИ И ЗЕМЈОТРЕСОТ
ДАНЕЛА ИЗЛЕЗЕ НАЈГОЛЕМА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ЗА СКОПЈЕ ПОСЛЕ ПИКОЛОМИНИ И ЗЕМЈОТРЕСОТ
На мое задоволство, денеска имав телефонски разговор со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен
На мое задоволство, денеска имав телефонски разговор со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен
ШОКАНТНО, МИЦКОВСКИ Е ПСИХО - ВМРО ДПМНЕ ЈА ВМЕШУВА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ВО ЗАГОВОРОТ ЗА УБИСТВО НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ?!?!
ШОКАНТНО, МИЦКОВСКИ Е ПСИХО - ВМРО ДПМНЕ ЈА ВМЕШУВА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ВО ЗАГОВОРОТ ЗА УБИСТВО НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ?!?!
СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЧИНАТАТА ДЕВОЈКА ОД РАДОВИШ, ВЕДНАШ ДА МУ СЕ ДАДЕ ПСИХИЈАТАР НА ПОМОШ ВО ЗАТВОРОТ НА МЛАДОТО МОМЧЕ ПО МОЖНОСТ И ДА СЕ ПРАТИ ДОМА ДА МУ ПОМОГНЕ СЕМЕЈСТВОТО ДА НЕ ИЗГУБИМЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ

Адвокатот на возачот тврди: Од стрес се укочил, пола саат не можел да мрдне, полицијата го извадила, не возел повеќе од 45-50 километри на час
Адвокатот на возачот тврди: Од стрес се укочил, пола саат не можел да мрдне, полицијата го извадила, не возел повеќе од 45-50 километри на час
ДА ПРЕСТАНЕ ХАЈКАТА ПРОТИВ ОВА МОМЧЕ, НЕСРЕЌИ СЕ СЛУЧУВААТ ЗА ЖАЛ, СЕКОМУ МОЖЕ ОВА ДА МУ СЕ СЛУЧИ: 30 дена притвор за возачот кој ја усмрти 24 годишната девојка од Радовиш
ДА ПРЕСТАНЕ ХАЈКАТА ПРОТИВ ОВА МОМЧЕ, НЕСРЕЌИ СЕ СЛУЧУВААТ ЗА ЖАЛ, СЕКОМУ МОЖЕ ОВА ДА МУ СЕ СЛУЧИ: 30 дена притвор за возачот кој ја усмрти 24 годишната девојка од Радовиш

Заев на 26. Конгрес: Следува нова политика, СДСМ останува прв во промените!

Во завршниот дел од обраќањето на 26. Конгрес на СДСМ, претседателот Заев посочи дека СДСМ во изминатите четири години се промени многу, но и дека процесот на промени ќе продолжи, СДСМ ќе остане прв во промените.

„Во овие четири години СДСМ се промени многу, особено во начинот на работа и функционирање, во процесите на уште поголема демократизација на партијата. Ја отворивме партијата за сите кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и кои се подготвени да работат за доброто на државата и граѓаните.

Со последните измени на Статутот уште повеќе ја демократизиравме партијата, но и го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ.

За првпат СДСМ организираше внатрепартиски, непосредни избори за претседател на партијата. Со тоа поставивме нови стандарди на македонската политичка сцена и пример, кој веруваме дека ќе го следат и останатите партии.

Воведовме етички кодекс и нов мерит систем на функционирање на партијата, со што се мери успешноста на секој функционер назначен од СДСМ и се врши евалуација на постигнатото на градоначалниците и претседателите на општинските организации.

Ја впишавме црвената боја, како своја боја, бојата на социјалдемократијата, на левицата, бојата на слободата, бојата на борбата за подобра македонска иднина.

Денес социјалдемократското семејство брои над 80.000 членови и постојано расте.

Мрежата на СДСМ расте, формирани се нови општински организации. Денес, СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата. СДСМ е партија НА сите граѓани, партија ЗА сите граѓани!

Сето тоа се нови вредности што токму СДСМ ги носи во плурализмот во Северна Македонија.

СДСМ победува затоа што постојано се менува.

Тоа е уште еднаш заеднички успех. Повторно, уште една голема разлика со ВМРО-ДПМНЕ. Се уште нереформирана, заглавена во режимската матрица во која ништо не се менува, само нешто се кочи и блокира. Ние влечеме напред, тие кочат. Но, ние сме посилни и со јасна цел и јасен став, и затоа успеавме во овие четири години и нив да ги повлечеме напред“ истакна Заев.

Тој најави и дека процесот на промени ќе продолжи, ќе следува реализација на нова полиитка, базирана на пет клучни столбови.

„Пред нас се уште се’ бројни предизвици на секое поле. Започнува процес на нова политика, процес со кој СДСМ ќе остане прв во промените. Следува најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.

Таа нова политика ќе се реализира преку пет клучни столбови:

Прво, обновување на досегашната кадровска понуда на СДСМ, но без откажување од нашите луѓе.

Второ, ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот.

Трето, охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови.

Четврто, градење на СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените.

Петто, поттикнување, подигнување на мотивацијата на нашите граѓани.

За реализација на сите овие точки, сметам на членовите на новото партиско раководство, но и на сите човечки капацитети, за СДСМ уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата.

Посветена, чесна работа кој носи напредок, развој и интеграција се вредностите од кои се водиме и ќе продолжиме да се водиме како поединци и како партија.

СДСМ останува прв во промените.

Со таков пристап, СДСМ во наредните четири години ќе продолжи да биде одлучувачка сила која носи државнички одлуки и го движи македонското општество кон напредок, развој и интеграција.

Имајќи предвид дека ова е изборен Конгрес на кој ќе се бира нов состав на Централниот одбор, на Надзорниот одбор а потоа и ново раководство партијата, ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои беа дел од досегашното раководство на партијата.

Благодарам што се вградивте во важни државнички процеси, што дадовте придонес во успесите, како на партијата, така и на државата. Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат.

Продолжуваме заедно. Пред социјалдемократското семејство се нови успеси. Успеавме досега, а сега имаме нова обврска, повторно да успееме, за граѓаните, за државата, за иднината!“ порача претседателот Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

Tokyo Revengers (Dub)

aniwatcher AniWatch How NOT to Summon a Demon Lord Ω

watch animes Black Clover (Dub)

Dragon Ball Z (Dub)