(ВИДЕО) ПОМЛАДИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ ЗА БУГАРСКАТА МАШИНА ЗА ГОЛОВИ ХРИСТО СТОИЧКОВ, КОЈ ВО 90-ТИТЕ БЕШЕ КРАЛ НА СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
(ВИДЕО) ПОМЛАДИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ ЗА БУГАРСКАТА МАШИНА ЗА ГОЛОВИ ХРИСТО СТОИЧКОВ, КОЈ ВО 90-ТИТЕ БЕШЕ КРАЛ НА СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
Филипче, Царовска, Битиќи и Спасовски се нови потпретседатели на СДСМ
Филипче, Царовска, Битиќи и Спасовски се нови потпретседатели на СДСМ
ФИЛИПЧЕ: Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk
ФИЛИПЧЕ: Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk
(ВИДЕО) СТОРИЈА НА ИРЛ: ОТКРИJA ФИРМА ОД КИЧЕВО КОЈА СНАБДИЛА ДЕСЕТИЦИ МИНИСТЕРСТВА И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО МАЗУТ ОД БОСНА ЗА КОЈ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ОТПАДНО МАСЛО!
(ВИДЕО) СТОРИЈА НА ИРЛ: ОТКРИJA ФИРМА ОД КИЧЕВО КОЈА СНАБДИЛА ДЕСЕТИЦИ МИНИСТЕРСТВА И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО МАЗУТ ОД БОСНА ЗА КОЈ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ОТПАДНО МАСЛО!
АЛИ АХМЕТИ ГО КРЕНА ПЕХАРОТ: ФК Шкендија – шампиони на Македонија за сезона 2020/21
АЛИ АХМЕТИ ГО КРЕНА ПЕХАРОТ: ФК Шкендија – шампиони на Македонија за сезона 2020/21
ИКОНАТА НА СДСМ, ШЕЌЕРИНСКА: Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска - Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани
ИКОНАТА НА СДСМ, ШЕЌЕРИНСКА: Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска - Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани
ЗАЕВ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: ГИ ПОВИКА И ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ДА ПРЕСТАНАТ СО ВОЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ ЦИВИЛНИТЕ ЖРТВИ!
ЗАЕВ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: ГИ ПОВИКА И ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ДА ПРЕСТАНАТ СО ВОЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ ЦИВИЛНИТЕ ЖРТВИ!
(ВИДЕО) БОМБА НА ЗАЕВ ПО 26-ТИОТ КОНГРЕС, ОТКРИ ПАРТИСКА ТАЈНА КОЈА СДСМ ЈА ЧУВАЛА ОД ЈАВНОСТА 8 МЕСЕЦИ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЗАЕВ ПО 26-ТИОТ КОНГРЕС, ОТКРИ ПАРТИСКА ТАЈНА КОЈА СДСМ ЈА ЧУВАЛА ОД ЈАВНОСТА 8 МЕСЕЦИ

Заев на состанок со НДИ: СДСМ е креатор и промотор на политиките за целосна еднаквост меѓу жените и мажите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева попладнево учествуваа на состанок со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) на кој беше претставена програмата „WoMen Lead – Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените“, финансиран од Шведската агенција за развој и соработка, СИДА. Освен што го презентираа проектот, НДИ ја истакна својата поддршка за изборните реформи, партискиот интегритет, анти-корупцијата, борбата против дезинформациите, како и вклучувањето на жените и младите во процесите на креирање политики.

Во своето обраќање, претседателот Заев ја искажа својата благодарност за досегашната соработка со НДИ истакнувајќи дека и преку вакви соработки со реномирани меѓународни организации, СДСМ се менува и демократизира.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ е креатор и предводник на концептот „50-50“ односно целосна рамноправност меѓу жените и мажите и дека тоа се потврдува и во реалноста и не е само декларативна заложба.

„Горд сум што можам да кажам дека денес СДСМ е партија креатор и предводник на принципот 50-50, на целосна еднаквост меѓу жените и мажите. Тоа за нас е вредност и не го тврдиме само декларативно, туку и го покажуваме на дело. Имаме претседател и заменик претседателката, имавме пратенички листи со 12 носители, во секоја изборна единица поеднакво. Значи и преку застапеноста во телата на партијата, но и преку мерките и политиките што како партија предводник на Владата во континуитет ги спроведуваме а кои водат до целосна родова рамноправност, унапредување на женските права, економска независност на жените но и поголема заштита и превенција на родово базираното насилство. Секако дека овие теми и во Северна Македонија но и на Западен Балкан се уште се теми кои со себе носат бројни предизвици за чие решавање е потребен инклузивен, сеопфатен и иновативен пристап. Затоа, чест ми е што токму НДИ и СИДА преку оваа програма „WoMen Lead – Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените“ уште еднаш ќе дадат силен придонес во унапредувањето и заштитата на правата на жените и силно ќе влијаат на унапредување на родовата еднаквост.“ посочи претседателот Заев.

Претседателот Заев изрази надеж дека преку програмата „WoMen Lead – Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените“ дополнително ќе ја унапреди работата на СДСМ во интерес на сите граѓани.

„Уште еднаш ја користам приликата да ви се заблагодарам за досегашната соработка, за досегашните искуства што како партија ги имаме стекнато преку проектите и програмите на НДИ кои многу помогнаа СДСМ да биде она што е денес, модерна, отворена, динамична партија која работи во интерес на сите категории граѓани. Немам сомнеж дека и оваа програма позитивно ќе влијае врз функционирањето на нашата партија особено во делот на рамноправноста. СДСМ е отворена за нови подобрувања. СДСМ победува, но СДСМ се менува, а се менува и преку нови знаења и искуства, преку вакви успешни соработки со меѓународни реномирани организации како што е НДИ“ порача Заев.

loading...

AnimeTV watch anime: One Punch Man (https://animetv.cc/m/nkQ) Episode 12

AnimeFreak animefreak latest: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 1