(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!

Заев на Тиранскиот економски форум 3: ЕУ да ги исполни ветувањата за Западен Балкан додека ние го европеизираме нашето општество за да ги постигнеме стандардите за нашите граѓаните кои природно се дел од европското семејство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска учествуваше на утринскиот панел на Тиранскиот економски форум 3 на темата „ЕУ и Западен Балкан: исполнување на долго очекуваните ветувања“, кој заради пандемијата со КОВИД-19 се одржа онлајн.

На панелот зедоа учество и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Зоран Заев:

„Дозволете ми на самиот почеток да се заблагодарам на организаторите за денешниот настан кој несомнено ќе предизвика размрдување на европските текови за кои имам чувство дека во моментов стагнираат. Причините се повеќедимензионални.

Основната е дека сме исправени пред планетарна криза предизвикана од КОВИД-19. Криза која постојано ги менува приоритетите и тековите на мултилатералните процеси. Исправени сме и пред предизвици кои ретроградните сили на целиот континент ги наметнуваат неевропските вредности, постојано девалвирајќи ги цивилизациските придобивки чии темели ги поставија Аденауер, Шуман и Де Гаспери.

Во вакви моменти и во моменти кога дневната политика ги поткопува основните вредности треба да си го поставиме прашањето: Што ако пред точно 70 години погледот беше свртен кон разурнатиот континент, а не кон иднината која денес ја живееме.

Република Северна Македонија беше првата земја од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година. Само 4 години подоцна станавме и земја кандидат на членство во ЕУ, а веќе во 2009 ја добивме и првата позитивна препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. И, еве не 16 години подоцна се уште сме во чекалната на ЕУ.

Како премиер мојата задача е да носам тешки и храбри одлуки, да работам во најдобриот интерес на моите граѓани и да работам заедно со Владата која ја предводам, да работам за онаа посветла иднина и визија која ја предложија пред 70 години втемелувачите на денешна современа, просперитетна и обединета Европа.

Токму и затоа пред 4 години ги отворивме најгорливите дипломатски прашања со нашите соседи и истите ги затворивме во духот на добрососедството, современата мултилатерална политика и желбата за обединет регион кој просперира храбро напред.

Изминативе година и половина поминавме нов процес кој ја редефинираше методологијата за преговарање но и се исправивме пред нови непринципиелни прашања и бирократски ставови кои не може и не смее да бидат камен за сопнување на просперитетот на Северна Македонија.

Мојата земја била, е, и ќе биде крстосница на многу цивилизации, на многу етиникуми и на многу културолошки вмрежувања кои го оставаат најдоброто од себе за идните генерации кои го градат својот живот тука, дома.

За жал овој мал балансиран политички екосистем кој сме го создале низ вековите, е ранлив. Ранлив е затоа што граѓаните не може да продолжат да живеат само од идеја. Потребна е и храбра политичка акција. Потребно е повеќе од секогаш покажување на визија, храброст и одлучност во носењето на одлуките кои го стабилизираат континентот.

Северна Македонија никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира со своите соседи и со сите нации и етникум во Европа. Но, да бидам кристално јасен и да го повторам уште еднаш ставот на Владата. Ние никогаш нема да си дозволиме да разговараме за она за што не може да се разговара. А тоа е кои сме, кои се нашите идентитетски атрибути и која е генезата на нашата државност и јазик.

Би сакал да ја искористам приликата и да им се заблагодарам на комесарот Оливер Вархеjи и сите политички и административни чинители кои постојано се тука со нас во овој процес, посебно околу помошта која ни беше дадена и која допрва треба да стигне во справувањето со економските последици кои ги доживеавме заради кризата со КОВИД-19.

Владата на Република Северна Македонија пред три дена го усвои планот: „Европа дома“. Со овој план ние јасно и гласно декларираме што оваа влада ќе прави во однос на евроинтеграциите и процесите кои истата ги носи. Независно од расположението во соседството или во Брисел, ние сме посветени на доброто на нашите граѓани. Ги земаме најдобрите европски практики и ги вткајуваме во националното ткиво.

„Европа дома“ е своевиден роковник со утврдени активности и носители на тие активности кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системите, преку тоа граѓаните да добијат подобри услуги и подобар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото во Европската Унија и дека природно припаѓа во европското семејство народи.

Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги презеле во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија и Европската Унија, а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската Комисија.

Низ реализацијата на овие европски реформи ќе ги исполниме и препораките од Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, извештаите и препораките од групата високи експерти, од оценските мисии и од други меѓународни извештаи.

За секоја приоритетна област се наведени прецизни цели, активности, надлежни институции за спроведување на активностите и рокови за нивна реализација. Документот беше консултиран со граѓански организации кои работат во областа на европските интеграции, како и со Делегацијата на Европската Унија.

Ковид кризата не забави, но нема да не запре. Мојата Влада има чист политички легитимитет потврден на парламентарни избори кои се одржаа пред нешто повеќе од 6 месеци и тој легитимитет ќе го впрегнеме во полна сила да работи за доброто на нашите граѓани.

Остануваме отворени како и што сме биле до сега но нема да чекаме некој да ни каже каде треба да се подобриме. Доволно сме капацитетни да го направиме тоа сега и веднаш.

Ad Astra Per Aspera, да точно, патот кон ѕвездите е послан со тешкотии. Ама сега е време да ги совладаме сите нив.

Ви благодарам за поканата и можноста да ги презентирам ставовите на мојата влада и мојот народ.“

loading...

Hatenkou Yugi Episode 10

https://wcostream.cc wcostream amazing world of gumball

Mahoromatic: I'm Home! (https://animeheaven.pro/m/Xm3d) Episode 2

Website https://aniwatch.pro: Watch Wo Jiao Bai Xiaofei aniwatch Episode 39 aniwatch.me

Qiita: https://qiita.com/animeflixnl

Letterboxd: https://letterboxd.com/gogoanimebe/