Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави
Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави
Вицепремиерот Николовски на средба со извршната директорка на Канцеларијата на ООН за борба против дрога и криминал, Вали: Напредокот е препознаен и оттаму и поддршката од меѓународните партнери за бескомпромисна борба против корупцијата

ПОЛЕКА СО АРОГАНЦИЈАТА КОЛЕГИ - ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ 100 ПАТИ ПОХРАБРИ, ПОРАБОТЛИВИ, ПОЧЕСНИ И ПОПАМЕТНИ ОД НОВИНАРИТЕ
ПОЛЕКА СО АРОГАНЦИЈАТА КОЛЕГИ - ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ 100 ПАТИ ПОХРАБРИ, ПОРАБОТЛИВИ, ПОЧЕСНИ И ПОПАМЕТНИ ОД НОВИНАРИТЕ
СУГАРЕВЦИ - ПРЕКРАСНО СЕМЕЈСТВО НА ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП
СУГАРЕВЦИ - ПРЕКРАСНО СЕМЕЈСТВО НА ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП
Посакувам оваа сезона на берба на јаболка да биде бериќетна и успешна- Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Посакувам оваа сезона на берба на јаболка да биде бериќетна и успешна- Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО СМЕ НАЈСИРОМАШНИ ВО ЕВРОПА - 30 ГОДИНИ СИ ПАТИМЕ ОД ВАКВИ ТВ ПРОСТИТУТКИ СПРЕМНИ БЕЗ СРАМ ДА ИМ ПРАВАТ ТВ ФЕЛАЦИО НА МАФИЈАШИ
(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО СМЕ НАЈСИРОМАШНИ ВО ЕВРОПА - 30 ГОДИНИ СИ ПАТИМЕ ОД ВАКВИ ТВ ПРОСТИТУТКИ СПРЕМНИ БЕЗ СРАМ ДА ИМ ПРАВАТ ТВ ФЕЛАЦИО НА МАФИЈАШИ
ЗАЕВ СИ ГО ИСПОЛНИ ЗБОРОТ, УШТЕ 1500 ДЕНАРИ И ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО 500 ЕВРА ПРОСЕЧНА ПЛАТА: ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ПОРАСНА ЗА 4,8 ОТСТО Во јули изнесувала 28.540 денари
ЗАЕВ СИ ГО ИСПОЛНИ ЗБОРОТ, УШТЕ 1500 ДЕНАРИ И ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО 500 ЕВРА ПРОСЕЧНА ПЛАТА: ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ПОРАСНА ЗА 4,8 ОТСТО Во јули изнесувала 28.540 денари
НОБ ДОБИ ИНСТРУМЕНТИ, СТОЛИЦИ, ПУЛТОВИ И СЦЕНСКА ОПРЕМА СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 663 ИЛЈАДИ ЕВРА
НОБ ДОБИ ИНСТРУМЕНТИ, СТОЛИЦИ, ПУЛТОВИ И СЦЕНСКА ОПРЕМА СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 663 ИЛЈАДИ ЕВРА

Заев: Негирам било какви незаконски дејствувања за набавка на вакцините

Премиерот Зоран Заев ги отфрли обвинувањата за незаконско дејствување во однос на набавките на вакцина против Ковид – 19 од кинески Синофарм. Кажа дека за набавката на вакцините се одело преку приватни фирми, во случајов и преку Пауер Чајна, а нарачката е направена преку кинеската Амбасада и МНР на Кина на барање на кинеските власти.

-Апсолутно негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување. Затоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани, час поскоро. Јас а и министерот за здравство ја информираше јавноста дека после две недели чекање на активности на Кинеската амбасада, ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакти и дадовме нарачки преку приватни компании кои МНР не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Ни помогна „Пауер Чајна“ која е мајка на фирмата која ги гради патиштата во Северна Македонија. „Пауер Чајна“ e еден од кандидатите за Чебрен, голема компанија, државна сопственост на Кина и од таму се обидувавме покрај амбасадата, се обидувавме преку контактите што ги имаме овде. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку Кинеската амбасада, рече Заев на новинарско прашање во врска со пишувањата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини за државава.

Секоја земја, додаде, прави напори, и ние истовремено имаме испратено писмо за намери, за интерес, преку десетина приватни компании од Австрија, од Велика Британија и од Америка, покрај официјалните преку амбасадите кои што ги имаме.

-Секако нарачките што сме ги правеле, во конкретниот случај со Кина, се со потврда и писма на Синофарм со сите документации регулирани. Донесени се сите неопходни одлуки, но на крајот се одлучи дека треба да одиме преку Кинеската амбасада, преку МНР на Кина за да може да се реализира самата количина од 200.000 вакцини кои се нарачани. Во првиот случај имавме и потврда на Министерството за здравство на Кина, но сепак ги почитуваме дипломатските ставови на пријателска НР Кина и затоа нарачката е сега преку Амбасадата и МНР на Кина, рече Заев, по посетата на „Ист Гејт Мол“ Скопје каде се одвиваат градежни активности.

Тој појасни дека Владата правела нарачка и преку приватни компании.

-Да, сме правеле нарачка и јас кажав ни помогна во целата нарачка Пауер Чајна која е мајка компанија на Синохидро која ги гради патиштата во С Македонија. Друга кинеска фирма и не работи во моментов на инфраструктурата. Пауер Чајна е еден од деветте кандидати за Чебрен. Џиновска компанија во државна сопственост на Кина. И од таму се обидувавме покрај од Амбасадата, изјави Заев.

loading...