НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху

Премиерот Заев по повод Рамазан Бајрам: Во овие тешки мигови заради пандемијата со КОВИД-19, светиот празник Рамазан Бајрам носи надеж за нов почеток и ја поттикнува вербата на луѓето во доброто, вистината и правдата

Заев: Никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации

Информацијата e јавно добро. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Властите кои кај нас криеја информации ја заробија државата. Од 2017 година ги отворивме институциите, ги декласифициравме податоците за трошењата и почнавме да објавуваме серија документи и податочни сетови. Со тоа Владата на Република Северна Македонија која во 2016 беше на последно место, веќе три години по ред е прва по отвореност во регионот.

Порано се правеше сѐ да се скрие од медиумите, а денес службите на министерствата прават сѐ да обезбедат точна, сеопфатна и навремена информација. Можеме уште да се подобруваме и ќе се подобруваме, не смее да остане ниту една институција во Северна Македонија со старите навики на затвореност и криење податоци.

Брзиот проток на точни информации е гаранција дека медиумите работат слободно. Дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува потврдува и годинешниот извештај за слободите на „Фридом Хаус“ во кој се нотира дека во Северна Македонија расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите, а најважен индикатор во извештајот на „Репортери без граници“ е што од 2017 имаме постојан позитивен нагорен тренд, што не беше случај со минатата Влада.

Извештајот на „Фридом Хаус“ уште потенцира дека Република Северна Македонија е единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан. Нашиот напредок е втор најдобар резултат меѓу 29 земји од Европа кои се предмет на анализа во извештајот.

Владата ја унапредува и ќе продолжи да ја унапредува двонасочната комуникација со медиумите како еден од примарните владини комуникациски принципи. Премиерот, министрите, владините претставници, прес службите, сите кои сме во контакт со медиумите, постојано мораме да ја подобруваме комуникацијата, да одговараме на сите прашања, точно и навремено. Тоа е наша обврска кон демократската јавност, но во исто време и нашето најсилно оружје во борбата со дезинформациите.

Денес кога македонското здравството и сите граѓани се бориме со глобалната пандемија КОВИД-19, точните информации се во постојана борба со лажните вести.

Апелирам да се вложиме сите во навремено, точно и масовно информирање и да се спротивставиме на дезинформирањето кое има цел да создава лажна слика, да плаши и да крева паники и да ги носи граѓаните до опасност.

Информацијата е јавно добро. Дезинформацијата е опасноста.

На сите медиумски работници им го честитам 3 Мај, Денот на слободата на медиумите!, истакна премиерот.

loading...

AniWatch aniwatch: High School DxD (https://aniwatch.pro/m/vNr) Episode 12

AnimeTV anime tv freak: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 18