(ВИДЕО) Заев: Очекувам институциите да поведат постапка за разрешување на Пауновски, недозволиво е да се јавно препукува со премиер и вице премиер

Премиерот Зоран Заев очекува службите да покренат постапка за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, по неговото отворено спротивставување на политиките што ги води владата во однос на распределбата на рамковните вработени во земјава.

Премиерот, како што рече, не може да замисли директорот на една институција да се спротивставува на повискоите органи од него кои го назнаиле.

– Очекувам институциите да поведат постапка за разрешување на Пауновски. Не може да се дозволи тој секој ден се препукува со вицепремиерот и сега и со премиерот. Не може да се дозволи некој да прикоси на нешто што е поставено на одлични искрени основи да им се најде работа на луѓето кои со години седеа дома и земаа плата – рече Заев.

Премиерот рече дека Пауновски е пријател, но има доволна основа за негово разрешување, за што ќе решат службите.

Тој информира дека од 1.340 луѓе кои биле на списокот 1.100 изјавиле дека ја прифаќаат работата, 38 не ја прифаќаат и се на трансфер лицата .

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски некое време отворено се спротивставува на распределбата на лица со несоодветно образование во инспекторатот.