(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски

Заев: Од четирите пакет мерки реализирани се 82 проценти или во вредност од 860 милиони евра

Реализацијата на четирите пакет за антикризни мерки донесени поради падемијата од ковид-19 изнесува 82 проценти или 860 милиони евра, информираше на денешната прес-конференција во Владата, премирот Зоран Заев.

– Полнењето на државната каса оди според планот и приходите се на повисоко ниво. Во првото тромесечие приходите се 22,8% од вкупно планираните за 2021. година. Истите се повисоки за 4,4% од приходите споредбено со истиот период од минатата година. Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на минатата година. Сето ова се должи на преземените мерки, и довербата на стопанството за предвидените чекори и мерки – вели премиерот Зоран Заев.

Според премиерот првиот пакет мерки е имплементиран со 90,1% или 11 милиони евра, стопроцентна имплементација има на вториот пакет кој е во износ од 333 милиони евра, третиот пакет е имплементиран 75,4 проценти или 173 милиони евра, додека последниот четврти пакет е со имплементација од 72,7 проценти или 343 милиони евра.

– Гледано по компоненти по БДП доколку не биле преземени мерки, како субвенциите за плати, придонеси за плати, платежни картички, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно минус 11,8 проценти, наместо минус 5,6 проценти колку што изнесува падот според објавените податоци на ДЗС – вели премирот Заев.

Тој додава дека од појавувањето на вирусот, Владата е максимално посветена на со негативните последици врз економијата.

Во рамките на четирите пакет мерки кои се дел од анализата, опфатени се 70 различни мерки со кои се поддржуваат компаниите, граѓаните, работниците, речиси сите кои се погодени од пандемијата.

– Сите пакети во својот фокус ги имаат граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност, креирање на амбиент за полесно надминување на економските последици од ковид-19, и спроведување на брза излезна стратегија за да се продолжи со позитивни трендови на нова развојна македонска економија – истакнува премиерот.

Креирањето на мерките за сите пакети е направено транспарентно и во инклузивен процес во кој учествувале синдикалните организации, стопанските комори и огранизациите на работодавачи со цел да бидат опфатени максимален број на граѓани засегнати од кризата. Дополнително истите се донесении и во консултација со меѓународните финансиски институции кои изминатата година информирале дека превземените економски мерки го ублажија ударот од пандемијата за зачувување на ликвидноста на стопанството и поддршка на ранливите категории.

– Од вкупно 70 усвоени мерки во тек е имплементација на 21 мерка во износ од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки од 150 милиони евра се во собраниска процедура и се надевам дека пратениците ќе дадат зелено светло и на овие мерки – вели претседателот на Владата.

Премиерот се осврна и на тоа дека има позитивните сигнали дека економијата заздравува, а тоа го потврдуваат тековните економски движења, како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата.

– Извозот во јануари бележи номинален раст од 15,4 проценти на годишна основа, а пак увозот бележи номинален раст од 5,3 проценти, што придонесува трговскиот дефицит во јануари да се намали за 29 проценти. Кај внатрешната трговија е забележан номинален годишен раст на прометот од 0,8 проценти во јануари, по период на намалување во текот на целата година – вели Заев на претставувањето на податоците.

Премирот посочи дека покрај мерките, без престан се дејствува и со кредитирањето на работниците. Исто така, потенцираше дека Банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден. Во таа насока, и стапката на невработеност бележи намалување, и истата во 2020 година е 16,4%, или 0,9% намалена во однос на претходната година.

loading...

Website https://aniwatch.pro: Watch Aoki Hagane no Arpeggio: Ars Nova - Kirikumas aniwatch Episode 11 anime

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

AnimeKisa: Umigame to Shounen anime episode Full online free at https://animekisa.in animekisatv

Watch Nyancos: Hello! Our Brilliant Future Digest Episode Full

Network changemakers: https://network.changemakers.com/profiles/112309933508623704397

Descubre beqbe: https://descubre.beqbe.com/p/animefreakws