Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ

ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ

Заев од Струмица: Сработивме добро и работиме сѐ подобро, повторно го имаме Најдоброто за Струмица!

„Само тие кои сработиле добро и секој ден работат сѐ подобро, можат со право и со чист образ да го ветат Најдоброто“, порача вечерва од Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ние сработивме и добро и секој ден постигнуваме сѐ подобро. Конкретно овде во Струмица, реализирани се: магистралниот пат Струмица – Ново Село, магистралниот пат Радовиш – Струмица, во тек е рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица – Берово, поставен е канализационен систем во Дабиле и во Просениково, во тек е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Банско, се реализира проект за проширување на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Струмица, во втора фаза е новата градинка за 300 деца, а во тек се и градежни работи и опремување објект за детска градинка за 40 деца. Општина Струмица бележи видлив економски напредок и кога велиме дека следува Најдоброто, мислиме на фокус на развој на Струмица како на центар на младите луѓе. Следува развој на младинското претприемништво и поддршка на старт-ап-ите, како шанси за нови бизниси и нови работни места.

Ќе ги прошириме и постојните индустриски зони со домашни и странски инвеститори, што ќе значи дополнително отворање нови работни места. Само во времето на Коста Јаневски се отворија четири нови фабрики, вредноста е преку 50 милиони евра. Најавувам, Општина Струмица ќе ги има најмодерните села.

Ако за само 4 години, низ државата изградивме и реконструиравме 60 градинки, 80 училишта, 30 здравствени установи, 50 објекти на полицијата, над 500 километри водоводи и канализации, над 1.000 километри патишта – и сето тоа го направивме додека решававме крупни, клучни стратешки предизвици, со коишто ги загарантиравме евро-атлантските интеграции, сега со поставени темели за развој, со право најавуваме – го носиме Најдоброто во општините“, порача Заев.

Заев посочи дека во новиот мандат, општината ќе стане уште подостапна, а гласот на граѓаните ќе биде уште повеќе чуен и вреднуван.

„Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, како и соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник, како соработник на Кабинетот на градоначалникот“, заклучи Заев.

loading...

đổi mật khẩu go88 go88 bản web tải game tài xỉu đổi tiền that go88

nhóm zalo sunwin sunwin pro plus kang seok game sunwin online