(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните

ЗАЕВ СО ГЕНИЈАЛНА ИДЕЈА – Ќе ја намалува даночната евазија од 1.4 милијарди евра годишно со приватна фирма која ќе употреби најнови технолошки пронајдоци и технологии за следење на камиони и акцизна роба!

Владата проценува дека 17,54 милиони евра ќе чини проектот за јавно приватно партнерство за воспоставување интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра и лекови со кој во иднина треба да се врши поефикасна наплата на данок, односно акциза.

Оваа сума се проценува во одлуката за воспоставување електронски систем со кој ќе се маркираат горивата и ќе се следат тутунските производи, алкохолните пијалоци и пиво, како и лековите. Ова било решено на една од последните седници на Владата. Гледано на хартија, ова е уште еден недообјаснет проект за јавно-приватно партнерство на Владата во смисла на тоа кој ќе ги плати, односно чив трошок ќе бидат овие пари.

„Ова е чекор во насока на намалување на сивата економија и големите загуби кои се појавуваат во Буџетот на Република Северна Македонија, преку воспоставување на систем на јавно приватно партнерство на начин каде што приватниот партнер ќе воспостави, ќе одржува и ќе дава услуги на Царинската управа, пазарната инспекција и други надлежни институции“, објаснуваат од Владата.

Правната рамка треба допрва да се воспоставува, а целта според Владата е да се зголеми рејтингот во борбата против корупцијата, подобра контрола на ланецот на трговија и внатрешниот пазар, здравјето на луѓето, заштита на потрошувачите, борба против нелојалната конкуренција и зголемени приходи од даноци и акцизи. Според Владата, измамите ќе се намалат, затоа што производите ќе се следат до крајниот купувач.

Приватниот партнер ќе ги одржува електронските системи, уредите, опремата и капацитетите што ќе му бидат ставени на користење и располагање од Владата и ќе врши обука на кадарот. Генералниот секретаријат на Владата веќе ги изработил сите законски регулативи.

Партнерот ќе започне со маркирање на горива и изработување на кодовите за следење на тутунските производи, алкохолните пијалоци и пивото и лековите најдоцна по шест месеци од денот на склучување на договорот. За воспоставување на проектот ќе помогнат Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за здравство, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Регулаторната комисија за енергетика.

Договорот за јавно приватно партнерство ќе трае 10 години, а по истекот приватниот партнер е должен да го пренесе хардверот каде работи системот за управување со податоци вклучително и комерцијалниот софтвер.

Предлогот на Владата беше усвоен пред два месеци на владина седница, а премиерот Зоран Заев рече дека тоа е негов предлог, како и предлог на Економскиот совет, на економските министри како алатка за борба против сивата економија и даночната евазија.

„Проценката е дека во Македонија даночната евазија е 30 отсто. Проценката на ММФ е дека тој процент е 37 отсто или 1,4 милијарди евра. Тоа се пари кои мора да ги вратиме во буџетот. Се избегнуваат давачките за тутунот, на алкохолот… Трак енд трејсинг системoт ќе овозможи преку код да се следи секоја акцизна стока. За нафтата предвидени се нано честици во резервоарите со конечна цел државата да ги наплати сите пари и против нелојалната конкуренција. Предвидуваме трак едн трејсинг систем и за лековите иако тоа не е акцизна стока. Постојат приватни компании, мултинационални компании кои тоа го спроведуваат. Мора да ја спречиме акцизната евазија. Целта на овој систем е унапредување на борбата против сивата економија“, рече Заев пред повеќе од два месеци.

loading...

GoGoAnime watch anime free: Wonder Egg Priority Episode 12

KissAnime kimetsu no yaiba kissanime: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 6