(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ДЕНЕСКА МНОГУ ДОБРО РАСПОЛОЖЕН, ГИ ПОФАЛИ НОВИНАРИТЕ: МНОГУ УБАВО ИЗГЛЕДАТЕ ДЕНЕСКА, ОСОБЕНО НОВИНАРКИТЕ
(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ДЕНЕСКА МНОГУ ДОБРО РАСПОЛОЖЕН, ГИ ПОФАЛИ НОВИНАРИТЕ: МНОГУ УБАВО ИЗГЛЕДАТЕ ДЕНЕСКА, ОСОБЕНО НОВИНАРКИТЕ
БРАВО - НАШАТА НАЈДРАГОЦЕНА ЦРКВА ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА: ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА ЦРКВАТА ВО КУРБИНОВО ОДОБРЕНИ НАЈМНОГУ ПАРИ ВО БИТОЛСКО-ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН ОД ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА
БРАВО - НАШАТА НАЈДРАГОЦЕНА ЦРКВА ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА: ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА ЦРКВАТА ВО КУРБИНОВО ОДОБРЕНИ НАЈМНОГУ ПАРИ ВО БИТОЛСКО-ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН ОД ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА
(ВИДЕО) МЕПСО ВЛОЖУВА 15 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 150 КИЛОМЕТРИ ДАЛЕКОВОДИ - Заев и Бочварски на изградбата на далекуводот Штип-Овче Поле: За просперитетна економија инвестираме во енергетската инфраструктура дома и се поврзуваме со регионот

Филипче: Децата нема да мора ги будат навечер, набавуваме сензори за мерење дијабет кај деца
Филипче: Децата нема да мора ги будат навечер, набавуваме сензори за мерење дијабет кај деца
БРАВО - НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО РЕСЕН
БРАВО - НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО РЕСЕН
Детали за убиството во Топанско кое се случи ноќеска: Убиени две млади момчиња, изрешетани со калашников!
Детали за убиството во Топанско кое се случи ноќеска: Убиени две млади момчиња, изрешетани со калашников!
БУГАРИЈА НЕ ПОБАРАЛА, АМА АКО ТРЕБА ЌЕ ГИ СТАВИМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ ОСМАНИ
БУГАРИЈА НЕ ПОБАРАЛА, АМА АКО ТРЕБА ЌЕ ГИ СТАВИМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ ОСМАНИ
БРАВО СПАСОВСКИ - Полицајците добија бонус плата за прекувремена работа во 2018-та!
БРАВО СПАСОВСКИ - Полицајците добија бонус плата за прекувремена работа во 2018-та!

Заев во посета на родната куќа на Блаже Конески – во календарот на УНЕСКО во 2021-ва ќе биде запишана 100-годишнината од раѓањето

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалниците на општините Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили, денеска ја посетија родната куќа на Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на 99 години од неговото раѓање.
Посетата е и во пресрет на 100-годишнината која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година. Премиерот рече дека 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура и во таа насока, денеска Министерството за култура ја почна подготовката на програмата со која во национални и во меѓународни рамки ќе се одбележи оваа значајна годишнина во текот на целата идна година.
– Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што се исполни вековниот сон на редици и редици генерации кои го негуваа и учествуваа во остварувањето на тој сон во реалност. Конески ги поврза стремежите на неговите претходници, Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19 и 20 век, кои ја прифатија светлината на просветителската мисија на светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, која тие им ја дарија на сите словенски народи во Европа, рече Заев.

Блаже Конески ја проучи и разработи суштината на македонскиот јазик, нагласи премиерот, го насочи неговиот развој како современ литературен јазик сообразен со светски прифатените стандарди.
– Соочен со отпорот за признавањето на посебноста и на корените на македонскиот јазик, освен на научната сцена, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет. Кога го чествуваме Конески не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик. Ги чествуваме и неговото останато научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата, рече Заев, додавајќи дека богатството што го остави Конески засекогаш ќе ги исполнува со љубов и љубопитство, со постојан интерес за истражување сегашните и идните поколенија научници, поети, и најважно од сѐ, како што рече – искрените вљубеници во вистината и убавината.

Министерката Стефоска во своето обраќање истакна дека Блаже Конески тивко но упорно извојувал многу битки за самобитноста, за јазичните значенски вредности, за науката.
-Сите во него го препознаваме нашиот современ Климент Охридски. Министерството за култура и Министерството за образование поведоа иницијатива 2021 да биде година посветена на Блаже Конески, затоа што мирот и довербата, а пред се и самодовербата се клучните поими во книжевната и научната дејност на Конески, истакна Стефоска.

loading...

Watch Bleach Episode 361 at website https://animeflix.nl animeflix haikyuu

Watch Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? II (Dub) Episode 11 (https://animefreak.ws/m/9RzY/ep-11) at website https://animefreak.ws animefreaks website