(ВИДЕО) Заев: За четири години просечната плата е зголемена за 5.766 денари

За четири години, од април 2017 до април 2021 година, просечната плата е зголемена за 5.766 денари, а за шест години, пак, од април 2011 до април 2017, платите пораснале само за 2.153 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил.

– Достоинството на работниците е скапоцено и затоа ја покачивме минималната плата на 15.284 денари, која до пред четири години беше 9.000 денари. Растот на минималната плата направи притисок за покачување на сите плати. Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори, напиша Заев.

Премиерот Заев наведе дека во април 2021 просечната плата изнесуваше 28.438 денари, што е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

– И нема да застанеме тука. Нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат. Тоа и ќе го оствариме!, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

sun win

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin web sunwin web

sunwin

sunwin