(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО ОД ГОСТИВАР: ВОЗАЧ ЗА ДА ИЗБЕГНЕ КАЗНА ПОЧНА ДА ВОЗИ СО ПОЛИЦАЕЦОТ КАЧЕН НА ВРАТА!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО ОД ГОСТИВАР: ВОЗАЧ ЗА ДА ИЗБЕГНЕ КАЗНА ПОЧНА ДА ВОЗИ СО ПОЛИЦАЕЦОТ КАЧЕН НА ВРАТА!
КИНЕЗИТЕ СЕ ПОСРАМОТИЈА - 20 ТОНСКА КИНЕСКА РАКЕТА НЕКОНТРОЛИРАНО ПАЃА КОН ЗЕМЈАТА, ВО РИЗИК Е ПОЛА ЗЕМЈИНА ТОПКА СО СЕ НАШАТА ЗЕМЈА!
КИНЕЗИТЕ СЕ ПОСРАМОТИЈА - 20 ТОНСКА КИНЕСКА РАКЕТА НЕКОНТРОЛИРАНО ПАЃА КОН ЗЕМЈАТА, ВО РИЗИК Е ПОЛА ЗЕМЈИНА ТОПКА СО СЕ НАШАТА ЗЕМЈА!
СПАСОВСКИ: Честит 8 мај - Светски ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина!
СПАСОВСКИ: Честит 8 мај - Светски ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина!
ШИЛЕГОВ: И оваа година, проектот „Да растеме заедно” Ви овозможува да засадите дрво кое заедно со Вашето детенце, ќе израсне големо и силно. На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на Вашето дете

(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: Двете BRT линии поминуваат во близина на многу средни училишта во Скопје, правејќи го одењето кон и од училиште полесно и побезбедно за многу скопски ученици
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: Двете BRT линии поминуваат во близина на многу средни училишта во Скопје, правејќи го одењето кон и од училиште полесно и побезбедно за многу скопски ученици
ШИЛЕГОВ: Во соработка со УНДП, како резултат на иницијативата на Град Скопје и Центарот за иновации Скопје Лаб, Скопје доби уште еден зелен сквер во центарот на градот
ШИЛЕГОВ: Во соработка со УНДП, како резултат на иницијативата на Град Скопје и Центарот за иновации Скопје Лаб, Скопје доби уште еден зелен сквер во центарот на градот
Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба
Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба
Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште
Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште

Заев за „Капитал“: Да се користат мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство

„Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, квалитетна и разновидна храна од македонско производство. Треба да ги прифатиме како добар тренд податоците на статистика за откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2020 изнесува во висина од скоро пет милијарди денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани“, истакна премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Капитал“.

Заев се осврна на мерки на Владата како „Млад земјоделец“ со поддршка до десет илјади евра, „Рурална жена“ со 3.000 евра како и за нов агробизнис со 20.000 евра.

„Од голема важност е и искористување на мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Ќе следат и повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, домови за стари лица, капацитети за обработка на дрво, пчеларство итн. Годинава заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење. Заедничката цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата“, вели Заев.

Премиерот најави дека она што ќе донесе дополнителен стимул во земјоделското производство е приватизацијата на државно земјоделското земјиште во функција на развојот.

„Приватизацијата ќе се одвива согласно одредени услови. Првиот услов е да не смее да се урбанизира, поточно се забранува да биде пренаменето за било која друга намена освен земјоделска. Дополнително, ако новиот сопственик на земјоделското земјиште истото не го обработува или не го изнајми, ќе плати три пати поголем данок.

Земјоделството е голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се повлечат кредитни линии, ќе се инвестираат заштедени пари, што ќе значи и отворање на работни места, ќе се поттикне зголемување на извозот, на домашната продукција, а преку тоа ќе се зајакне конкурентноста на националното земјоделско производство.

Согласно анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а ние очекуваме 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании“, рече Заев и додаде дека планот е до крајот на јуни 2021 година треба да се заврши дебатата за законските решенија, а со завршувањето на кризата да се влезе во прогрес на оваа иницијатива.

loading...

4Anime 4anime to go: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (https://4anime.biz/m/wOB2) Episode Preview 02

AnimeHeaven animeheaveneu: My Hero Academia (https://animeheaven.pro/m/nml) Episode 13