ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

ЗАЕВ ЗА СРПСКИ КУРИР: НОНПЕЈПЕРИТЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ САМО СО ВОЈНА, НИКАКО НА ДРУГ НАЧИН

Балканот е мал регион, сите сме поврзани. Иако Северна Македонија е во НАТО, тоа не значи дека не се грижам. Различните нон-пејпери за решавање на косовскиот проблем ме загрижуваат, бидејќи на Балканот не се зараснати сите рани. Кога ЕУ кочи со сите нас, штом забавува нашиот интегративен процес, не мислам само на Северна Македонија, туку и на Србија, Црна Гора, и на БиХ и Албанија, се појавуваат некои нон-пејпери, други радикални идеи, изјави во интервјуто за белградски Курир премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето за нон-пејперите, со кои се цртаат нови граници на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој во поглед на заканите од можни војни, оцени дека се надева да никогаш повеќе нема да има војни и оти треба да се продолжи со интегративниот процес, бидејќи во тоа е иднината.

На прашањето на Курир дали е загрижен за отвореното пропагирање на „голема Албанија“ во нон-пејперите, во кои се наоѓа дел од Северна Македонија, Заев одговори: „Никогаш не можам да кажам „не“ со сигурност, но тоа би било тешко во Северна Македонија бидејќи сме членка на НАТО и со секоја закана за нашата територија и интегритет, би се активирал членот 5 од Договорот со НАТО, кој би нè заштитил – сите за еден, еден за сите. Сепак, не можам да кажам конечно „не“ затоа што дефинитивно не знаете до каде некој тоа може да го испровоцира. И затоа решението е секоја земја да влезе во ЕУ. Кога ќе ги постигнеме шенгенските услови, тогаш ќе нема граници“.

Заев додаде дека „ако нешто е ризично за српскиот народ, јасно дека тоа е ризик за сите нас, бидејќи сите сме поврзани“.

-Кога регионот е стабилен и безбеден, тогаш и Северна Македонија е безбедна и стабилна. А кога регионот е нестабилен и има проблеми, тогаш и ние сме нестабилни и имаме проблеми. За нас, сè што е прифатливо за Белград и Приштина е добро, решение кое ќе гарантира мир на Балканот, европска интеграција, безбедност и иднина на сите етнички заедници што живеат на таа територија, истакна тој.

Заев изрази благодарност до срскиот претседател Александар Вучиќ и премерката Ана Брнабиќ за помошта со 48.240 вакцини, кои се добиени „кога никој ги немаше, дури ни за Србија, што е чин на пријателство и братство, што макадонскиот народ никогаш нема да го заборави“.

Тој најави дека граѓаните на Србија од 25 јуни до 15 август нема да плаќаат патарини кога ќе патуваат низ земјава и дека проценката е да тоа ќе изнесува 2,5 милиони евра, иако вредноста на донираните вакцини е 700.000 евра.

Заев ја оцени сегашната соработката со Србија како повеќе од добра.

-Драго ми е што го правиме оваа меѓусебно поврзување со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ. Заедно со нас, Албанија влезе во мини-Шенген, како што вели Вучиќ, а јас велам подобрување на регионалната соработка на Западен Балкан. Нашата цел е на границата да биде „не запирај, само оди“. Работиме на тоа, треба да го усогласиме законодавството, да ја пренесеме довербата на институциите, па кога вашата агенција за храна ќе потврди дека српските производи се добри за Србија, тогаш нема потреба тоа да го проверуваме во Скопје, само ќе го прифатиме. Нема зошто да чека на границите, нагласи премиерот.

Тој додаде дека до 2022 година треба се отворат границите за слободен проток на луѓе, стоки, капитал и дека се усвоени неколку договори, меморандуми, дека собранијата започнале да ги менуваат законите за сето тоа да се усогласи и да првата тенденција е тоа да е за најмалку три земји – Србија, Северна Македонија и Албанија.

Одговарајќи на прашањето на Курир, дека „некој ќе каже дека со тоа се прави „голема Албанија“, Заев одговори: „Зарем тоа не е „голема Србија“? На крајот, ние сме во средина, па можеби тоа е „голема Северна Македонија“. На кого му е грижа, ајде да ги отвориме границите, да оставиме луѓето слободно да работат, да одат, да доаѓаат“.

Околу проблемот со Бугарија и блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ, Заев кажа дека постои решение за сè, но треба да се избере вистинскиот момент.

-Кога на Балканот има избори, тоа се тешки моменти, тешко се решаваат проблемите, а избори сега имаше во Бугарија. Се разбираме исто како и со Србија, зборуваме слични јазици и верувам дека ќе најдеме разумно решение. Кога ќе ги прашаме: „Зошто не ни го признаете македонски јазик?“, тие велат: „Не, ние таа реалност ја прифаќаме, но дајте да видиме кои се корените“. Ние имаме заедничка историја, цела Европа има заедничка историја, а камоли на Балканот. Од таа иста историја се создадоа народи- македонскиот, српскиот, бугарскиот, хрватскиот, одговори Заев.

loading...

Watch anime online for free at AnimeFreak vinland saga animefreak. Beyblade Burst Sparking (Dub) Episode 10

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Cowboy Bebop (https://gogoanime.be/m/30k) Episode 26