Заев: Заедничката организација на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ на Словачка, Чешка и Северна Македонија е вредност за споделување со сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш, кој на средбата го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка.

Господинот Лекоски на средбата информираше дека оваа година „По трагите на светите Кирил и Методиј“ е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Република Чешка и Република Северна Македонија, покрај традиционалниот домаќин – Република Словачка.

Премиерот Заев на средбата предложи, а од страна на гостите беше со задоволство прифатено како укажана чест, оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Северна Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

„Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја“, истакна премиерот Заев на средбата.

На средбата со амбасадорот Маркуш се разговараше за взаемната соработка меѓу Словачка и Северна Македонија во процесот на европските интеграции на нашата земја, како и за економската соработка за која има потенцијали за дополнителен развој.

game bài sunwin tải sunwin apk sunwin tài xỉu

sunwin apk

tải sunwin game bài sunwin sunwin.apk mới nhất

sun win

sunwin