Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Загадување без контрола: Повеќе од половината општини немаат инспектор за животна средина

Повеќе од половината општини во земјава немаат инспектор за екологија. Останатите имаат по еден, а ретко некоја општина и двајца инспектори за животна средина. Отсуството на контрола врз загадувачите директно резултура со загадување на воздухот, водите и почвата, проблеми со кои се соочуваат голем број локални самоуправи. Соочени со десетици инсталации со Б- интегрирани дозволи и стотици со елаборати за заштита на животната средина, општинските инспектори, таму каде што ги има, многу тешко успеваат да направат контроли секаде каде што е потребно.

Велес нема ниту еден, како и Куманово, каде оваа работа делумно ја врши раководителот на секторот. Иако го има РЕК, како и речиси 600 инсталации кои се во надлежност на општината, Битола има само еден еколошки инспектор. За нијанса подобро е во скопските општини. Градот Скопје и осум од десетте општини Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Чаир имаат овластени инспектори, додека Бутел и Шуто Оризари немаат.

Од Инспекцискиот совет информираат дека само 39 општини во земјава имаат овластени еколошки инспектори, од вкупно 81 единица на локална самоуправа. Тоа се Крива Паланка, Куманово, Македонски Брод, Охрид, Прилеп, Берово, Битола, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Штип, Босилово, Бревеница, Долнени, Желино, Зелениково, Илинден, Боговиње, Конче, Новаци, Теарце, како и скопските општини и Градот Скопје. Според податоците од оваа институција, Инспекцискиот совет досега има издадено 58 лиценци за овластен инспектор за животна средина.

Велес, градот кој сè уште се опоравува од еколошката катастрофа од Топилницата и сè уште чека да заврши процесот на извоз за згурата, е еден од тие кои во моментов немаат овластен инспектор. Од Општината велат дека се планира вработување на инспектор во текот на оваа година. Него го чекаат 13 компании со Б-интегрирани еколошки дозволи и три со Дозволи за усогласување со оперативен план, а локалната власт има има издадено и 261 Решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина. Дотогаш, велат од оваа општина, кога има случај на неопходен инспекциски надзор, бараат помош од Државниот инспекторат за животна средина.

„Процесот за лиценцирање на еден овластен еколошки инспектор е долг и треба да почне навреме за општините да не се доведат во ситуација да нема кој да врши контрола. Обуката и теренската пракса траат една година, период кој можеби треба да се скрати за да им се излезе во пресрет на општините“, вели Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово.

Тој претходно бил еколошки инспектор, но сега законот му дозволува да врши само 10 отсто од надзорите, покрај своите примарни должности како раководител. Друг овластен инспектор во Куманово во моментов нема, иако оваа голема општина има издадени 17 Б -интегрирани дозволи и повеќе од триста елаборати. Месечно, вели Бојковски, успева да направи околу 20 надзори, што е околу 30 отсто од потребното.

Според надлежностите и обемот на работа, на Битола и треба повеќе од еден инспектор, велат во оваа општина. Посочуваат дека во моментот бројот на вработени е ограничен на толку работни места, според одредбите од законот за вработени во јавниот сектор, но и дека во тек е анализа по која ќе следи измена на систематизацијата за да може да се зголеми ефективноста на Општината во делот на заштитата на животната средина. Во Битола, информираат локалните власти, има 16 економски оператори со Б- интегрирани дозволи и 520 со издадени елаборати за заштита на животната средина со решение за одобрување, кои се во надлежност на инспекторот за животна средина.

Кавадарци, исто така е град со еден инспектор за животна средина. Тој треба да ги контролира петте компании што имаат Б-интегрирана дозвола, како и стотина со елаборат, а помага и во Одделението за животна средина, каде недостасува кадар. Малку поразлично е во Струмица. Градот, кој последните години се соочува со големо загадување на воздухот, има двајца лиценцирани инспектори за животна средина. Сепак, општинските власти велат дека работа има за уште еден до двајца плус, со оглед на тоа дека во градот има 13 инсталации со Б дозволи и речиси 450 со елаборати.

Тетово, пак е градот кој е редок пример на добра екипираност на инспекциската служба со најголем број локални еколошки инспектори. Има вкупно шест, од кои четворица лиценцирани и двајца помлади кои се во процедура за добивање лиценца.

Аријанит Џафери од тетовската „Еко герила“ вели дека со заштитата на животната средина не смее да има компромис, ниту во Тетово, ниту во било која друга општина.

„Штетите кои се прават во животната средина се многу често непоправливи, па работата на инспекторатите и превентивното делување се од голема важност. За радикални проблеми се потребни радикални реченија, а за тоа ни требаат храбри политичари, кои ќе мислат за доброто на следните генерации, а не за исходот на следните избори“, вели Џафери.

loading...

tài xỉu online go88 cskh go88 go88 live

tool tài xỉu sunwin cho android chơi sunwin có bị bắt không sunwin life