Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа

Залезот на Путин и на путиноманијата

Еве го почетокот на крајот на уште едно, иако не и последно авторитарно владеење во историјата. Владимир Путин својот легитимен страв (за своето владеење и непримерното ширење на НАТО кон исток) го доведе до лична и делумно колективна параноја во неговата татковина. Велам делумно бидејќи неповратните процеси на демократизација на руското општество само актуелно ќе се стивнат, за во многу блиска иднина да избувнат со полна народна резонанца. Независно од историската и психокултурната константа на Русинот дека како голем народ треба да биде управуван од една „цврста рака“. Историски овој народ се потпирал на, и глорифицирал таква личност, но како и кај други народи, таа личност „согорувала“ кога ќе предизвикала национална трагедија и геополитички дисбаланс и регресивни економски текови. Тоа денес се случува во и околу Русија!

Последователните акти на авторитарните режими на истокот од Европа (па во некоја рака и на раководствата на држави-членки на НАТО и ЕУ) неминовно ја означија, не до крај разработената, а дискутабилно практично изведената либерално демократска доктрина за развојот на современите општества. Глазурата на профитабилната и шоу-бизнисменската привлечност на т.н. Запад, ја занемари потребата од негова внатрешна реконструкција согласно прокламираната хуманистичка вокација на западната цивилизација. Недостатокот на солидарност и рестриктивната редистрибуција на бенефитите на светски план, на повеќе самозамислени “историски“ лидери на народите им претставуваше поволно тло за примена на авторитарни и недемократски начини на управување.

Во недостаток на „формален“, неприкосновен лидер на западниот партнер, на заморениот Путин му се причини дека е поволен момент за поцврст одговор на неприфаќање на неговите замерки за безбедносни закани за Русија со ширењето на НАТО кон истокот на Европа. Посегнувањето по последениов агресивен чекор против Украина, сјајот на „гордоста на рускиот народ“, симболот на „обновата на моќта на Русија“ на светската политичка и воена сцена дефинитивно почна да бледнее, да згаснува… Сите следни чекори и напори за внесување на проруски елементи во владеењето со Украина, делумното повлекување на одлуките за признавање и подршка на независни републики на истокот на Украина, неуверливите контра-акции „со мирис“ на гас и нафта заради санкциите на Западот…, само ќе ја потврдат историската закономерност дека долгорочното владеење без лимити на една личност на голема или мала држава доживува историска „казна“. Нивните народи набргу ќе се оградуваат од нивното време на владеење.

Путин, како и многу други претходници и негови актуелни имитатори со големи геостратешки амбиции, желни за што подолги мандати за останување на власт ја губат битката со реалноста. Тој наместо развој на својот народ, со актуелната акција против Украина, на украинскиот и на рускиот народ, но и на регионот пошироко им носи назадување, човечки страдања и нестабилност. Колку и самоуверено да се потпира на руските енергетски, воени и човечки ресурси, Путин видно го занемари денешниот степен на огромната меѓузависност на економиите на светската сцена, а со тоа и зависноста на политичките елити од тие актуелни геостратешки констатнти. Негативните последици од неговата актуелна акција нема да го заобиколат рускиот народ, а враќањето на претходното ниво на развој на руското општество ќе биде макотрпен и турболентен процес. Актуелните и непосредни штети по западните економии се само изговор за погрешната стратешка определба во Путиновата психичка состојба на духот.

Неговите години, начин на живот и геостратешки грешки избиватат во прв план при анализата на актуелниот и иден развој на состојбите во источна Европа. Колку од тоа рускиот народ (гласач) ќе го валоризира за своја подобра иднина, денес тешко е да се дефинира, но низ една историско-развојна проекција може да се навести…

На крајот, не треба да се занемари дека и западната политичка елита, раскомотена во својата благососотјба, се задоволува со јавни изјави и проценки на издржливост на своите економии во настанатава украинска криза. Видна е определбата за преземање на строги санкции кон Русија директна и индиректна помош на Украина, сè до црвената линија – непреземање на отворени воени акции и изложување на опасност на свои воини. Како издушка следуваат серија на прекини на огинот и „закотвување“ на заземените позиции на теренот, повикување на нормите на меѓународното право и активнирање на системот на ОН за надминување на најсензибилните делови за потпишување на мировен договор. Над загрозените жители на Украина, од било која националност, е надвисната огромна опасност. Иако не е доволна, макар и вербалната солидарност и можна подршка и помош од секаде во светот, секој момент, за нив се непроценливи.

Од нивната и судбина на други народи кои минуваа низ вакви трагедии, лидерите, но и граѓаните пошироко треба да се извлекуваат заклучоци.

Виктор Габер

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogo anime tv High School DxD

GoGoAnime Naruto (Uncropped) (Dub)

anime stream Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

My Hero Academia Season 5 Episode 20

tải go88