Бевме цел на хибриден напад дома, можна е кривична постапка, вели Османи
Бевме цел на хибриден напад дома, можна е кривична постапка, вели Османи
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини
Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда
Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АМЕРИКА - ГОЛЕМА ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ДЕСНИЦАТА: ПО 50 ГОДИНИ АБОРТУСОТ СТАНУВА НЕЛЕГАЛЕН, УСТАВНИОТ СУД СО ГЛАСОВИТЕ НА ТРОЈЦАТА СУДИИ КОИ ГИ ПОСТАВИ ТРАМП ГО УКИНА ЗАКОНОТ РОУ ВЕЈД СПОРЕД КОЈ АБОРТУСОТ БЕШЕ ЛЕГАЛЕН НА ФЕДЕРАЛНО НИВО
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АМЕРИКА - ГОЛЕМА ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ДЕСНИЦАТА: ПО 50 ГОДИНИ АБОРТУСОТ СТАНУВА НЕЛЕГАЛЕН, УСТАВНИОТ СУД СО ГЛАСОВИТЕ НА ТРОЈЦАТА СУДИИ КОИ ГИ ПОСТАВИ ТРАМП ГО УКИНА ЗАКОНОТ РОУ ВЕЈД СПОРЕД КОЈ АБОРТУСОТ БЕШЕ ЛЕГАЛЕН НА ФЕДЕРАЛНО НИВО
Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за активни мерки за вработување 1,9 милијарди денари
Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за активни мерки за вработување 1,9 милијарди денари
Приведен криминалец од скопски Грчец баран со потерница, Приведен скопјанец за издржување затворска казна, Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна
Приведен криминалец од скопски Грчец баран со потерница, Приведен скопјанец за издржување затворска казна, Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна
ИДИОТСКА ОДЛУКА НА ФРАНЦУСКИОТ ВРХОВЕН СУД: ЗАБРАНИ НОСЕЊЕ БУРКА ВО ЈАВНИ БАЗЕНИ, ТОА ГО НАРУШУВАЛО СЕКУЛАРИЗМОТ ВО ФРАНЦИЈА?!?!
ИДИОТСКА ОДЛУКА НА ФРАНЦУСКИОТ ВРХОВЕН СУД: ЗАБРАНИ НОСЕЊЕ БУРКА ВО ЈАВНИ БАЗЕНИ, ТОА ГО НАРУШУВАЛО СЕКУЛАРИЗМОТ ВО ФРАНЦИЈА?!?!
Бериша ѝ се извини на Бугарија: Рама е авантурист, не ја претставува албанската мисла
Бериша ѝ се извини на Бугарија: Рама е авантурист, не ја претставува албанската мисла

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ДИМИТРОВСКИ: ПАРИТЕ СЕ ВАЖНИ, НО УШТЕ ПОВАЖНО Е ДА СЕ ИМА СИСТЕМ КОЈ ЌЕ ГИ НАПРАВИ ОПШТИНИТЕ КОНКУРЕНТНИ СО ПОДГОТВЕНИ ПРОЕКТИ

Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска учествуваше на тркалезната маса „Финансирање на инфраструктурните инвестиции за одржлив локален развој и економско заздравување“, што во организација на УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации и Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, се одржа во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

На тркалезната маса учествуваа и вице-премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, амбасадорите на Шведска, Велика Британија, Германија, како и претставниците на УНДП, УСАИД, Европската банка за обнова и развој, Светската банка, други претставници на донаторската заедница, градоначалници, претставници од ЗЕЛС- Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

На тркалезната маса беше презентиран Проектот „Градење капацитет на општините за имплементација на проекти“, финансиран од СИДА и УНДП, во партнерство со Министерството за локална самоуправа.

– Во партнерство со УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој креиравме проект со кој што имавме намера да им помогнеме, особено на помалите општини да подготват техничка документација за приоритетните проекти со кои би се одговорило на потребите на општината за подобрување на квалитетот на живеење.

Во услови на значителни развојни разлики меѓу планските региони и меѓу општините, Министерството за локална самоуправа имаше проценка дека општините, особено помалите и на руралните имаат ограничени финансиски и човечки ресурси и не се во можност да финансираат подготовка на техничка документација, што е пак услов за аплицирање на јавни повици за финансирање на проекти од страна на институциите на централно ниво, како и од донаторската заедница, рече заменик министерот Димитровски.

Во рамките на проектот обезбедена е директна помош на општините за подготовка на техничка документација за аплицирање на проекти.

Како пилот-проект покренат е Фонд за техничка документација, кој треба да претставува модел финансиски инструмент за подготовка на целосна техничка документација за проекти за развој и закрепнување на инфраструктурата од највисок приоритет.

Како дел од Фондот за техничка документација, повеќе од 1,6 милиони долари се инвестирани за подготовка на високо-квалитетна техничка документација во 58 случаи, 47 општини и 2 регионални центри се снабдени со база на целосна техничка документација за имплементација на проекти кои генерираат придобивки за локалните заедници.

– По области, општините како најприоритетни ги адресирале проектите за подобрување на транспортот, изградбата на јавни простори и јавни установи како што се детски градинки, училишта или објект за противпожарна заштита, исто така финансирана е проектна документација за проекти за енергетска ефикасност на 9 болници, приоритетно прашање е и водоснабдувањето, уредувањето на индустриските зони, урбанистичкото планирање, како и заштитата на животната средина, пред се изградбата на секундарна мрежа за гасификација. Сите овие проекти се навистина значајни за секоја општина и заслужуваат да бидат финансирани што побрзо.

Проценката е дека за нивна реализација се потребни 126 милиони долари, рече Димитровски.

Вице-премиерот Фатмир Битиќи зборуваше за потребата од ефикасност и ефективност на вложените средства за развој на проектите во општините, а министерот за финансии Фатмир Бесими за фискалната децентрализација – зголемувањето на процентот од ДДВ кој ќе се издвојува за општините од 4,5 на 6 отсто наредните три години, со што треба да зајакне финансискиот капацитет на општините, како и за прераснувањето на Бирото за рамномерен регионален развој во агенција за регионален развој која ќе функционира како фонд за развој на општините во кој освен буџетски средства ќе се слеваат и средства од донаторите и други извори.

– Парите се важни и никогаш не се доволно, но уште поважно е да се има систем кој што ќе ги направи општините и планските региони конкурентни со подготвена проектна документација за добри проекти.

Важно е тие да бидат приоритизирани на инклузивен начин, со што ќе се постигне консензус во локалната заедница за нивното влијание на квалитетот на живеење. И важно е при распределбата на средствата за финансирање на инфраструктурни проекти да се води сметка за степенот на развиеност и за нивниот реален импакт на развојот на планскиот регион, да се обезбеди спирала на развој со што планските региони ќе станат поконкурентни во обезбедување на средства не само Буџетот на државата, туку и од донатори, од ИПА Програмата на Европската Унија и од други квалитетни извори за финансирање, рече заменик министерот Димитровски.

Според Законот за рамномерен регионален развој државата треба да издвојува 1 отсто годишно од БДП за развој на општините, што е околу 130 милиони евра, но средствата кои се распределуваат од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој (7 милиони евра), се премалку за да се постигне рамномерен развој на осумте плански региони.

Сепак, неколку десетици милиони евра секоја година се издвојуваат за општините преку другите надлежни министерства – за транспорт и врски, за труд и социјала, за образование, за земјоделие итн. но за нивното рамномерно распределување сега треба да послужи и системот „СИРЕРА“ – софтверска база на податоци, кој ќе дава податоци каде е инвестирано во општините и каде да се насочат средствата.

Со УНДП, Министерството за локална самоуправа работи и на креирање локален развоен индекс за општините – досега постоеше само развоен индекс на планските региони – според кој парите ќе се насочуваат во општините кои имаат најмногу потреба за тоа.

Ви благодараиме на соработката

Скопје,03.11.2021 година

loading...

Chơi ngay Game Bài Go88 có tặng code tân thủ 2022 chơi go88 trực tuyến nohu go88

sunwin macao sunwin link làm đại lý sunwin