Џабир Доко оствари средба со францускиот амбасадор Бомгартнер”
Во соопштението објавено од кабинетот на заменик министерот за ПСОЗ стои:
“При денешната средба со амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Н.Е. г. Сирил Бомгартнер дискутиравме за традиционалните добри билатерални односи меѓу Франција и Северна Македонија. Во евроинтеграцискиот процес имаме силна поддршка од Република Франција, која дава огромен придонес за суштинските реформи во нашето општество. Заеднички став е дека интеграцијата на помалубројните заедници во процесот на пристапување кон ЕУ е од голема важност.”