Анализа на работењето на судовите во Македонија во 2021 година
1. Во сите судови, вкупен број на тековни предмети е 236235📌
2. Просечно време за решавање на предметите на сите судови е 308 дена⌛️, а рекордер е Управниот суд со 757 дена🤷♂️!!
3. Согласно пописот и бројот на население, а согласно Европските стандарди кои определуваат дека треба да има 21,5 судии на 100.000 жители, што значи дека според пописот кој вбројува над 1,8 милион резидетно население во земјава, треба да има 394 судии.
4. Во моментов кај нас има 470 судии, а предвидено е да има 630 судии.
5. Според стандардот, во општини во кои има помалку од 20.000 жители, треба да се укинат судовите и тоа: Дебар, Делчево, Берово, К. Паланка, Ресен, Кратово, Виница, Свети Николе, Крушево и Неготино.🛑
🆘️Тежок тест за државата! Дали да укине судови, да намали или зголеми број на судии или да се подобри ефикасноста на судството?