На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци

Започнa проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар: Рециклирај пластика и лименки и заработи си некој денар!

Од денес, во рамки на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар пуштени се во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки поставени на седум локации на територија на Општина Центар.

Првите 7 машини за рециклирање се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница „Апче“, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, затворено паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ и затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец, a до крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар ќе можат да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната GreenPay платежна картичка.

Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, со GreenPay картичката жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 30 локали кои ќе овозможат попусти, а поради големиот интерес зелената мрежа секојдневно ќе се проширува. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички.

– Направивме стратегија која ќе го помогне семејниот буџет на секое семејство во Општина Центар, ќе ја поттикне локалната економија, а воедно ќе биде корисна и за животната средина. Дел од оваа стратегија е и проектот „И отпадот има вредност!“ кој ќе им овозможи на жителите да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки за што ќе добиваат субвенции од општината и можности за дополнителна заштеда. Создадовме зелена мрежа од маркети, кафулиња, кафеани, бутици и ресторани каде со плаќање преку GreenPay картичката ќе може да се пазари со попуст од 3, 5 и 7% – изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски на денешната виртуелна презентација на проектот.

За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари.

– Општина Центар ќе субвенционира средства со вкупен износ од 12 милиони денари за жителите кои ќе се вклучат во процесот на рециклирање и на овој начин дополнително ќе ги мотивираме преку сопствен пример да влијаат во подигање на свеста за зачувување на животната средина. Многу ми е драго што можам гордо да изјавам дека Центар станува модерна општина по пример на светските трендови – изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Жителите на Општина Центар веќе од денес можат да аплицираат за GreenPay платежна картичка во катната гаража „Судска Палата“ на ЈП ПОЦ, со приложување на лична карта и барање за договор. Во следните денови ќе биде отворена и можноста за онлајн аплицирање преку ПОЦ мобилната апликација и веб платформата www.poc.mk.

Упатство за употреба на повратните вендинг машини

Пред да започнете со внесување на амбалажите, изберете една од наведените опции за идентификување на Вашата GreenPay сметка:

– Доближете ја Вашата GreenPay картичка до скенерот; или

– Отворете ја ПОЦ мобилната апликација, изберете го полето „GreenPay Card“, а потоа опцијата „Рециклирај“.

– Доколку сте корисник на Android изберете ја опцијата „Вклучи NFC“, а потоа доближете го Вашиот уред до скенерот.

– Доколку сте корисник на iPhone изберете ја опцијата „Плати со код“ и доближете го Вашиот уред до скенерот.

Внесете ги амбалажите за рециклирање (пластика или лименки) со баркодот нагоре.

По внесување на последната амбалажа почекајте неколку секунди додека заврши трансакцијата.

За секоја рециклирана амбалажа на вашата GreenPay картичка добивате субвенции од Општина Центар:

– За амбалажи од 0,25 до 0,75л добивате 0,5 денари

– За амбалажи од 1 до 1,75л добивате 1 денар

– За амбалажи од 2 до 2,5л добивате 1,5 денари

Со плаќање преку GreenPay картичката добивате попусти во зелената мрежа на маркети, кафулиња, кафеани, бутици и ресторани. За сите детали посетете ја веб страната green.poc.mk.

loading...

AnimeHeaven anime heaven website: Watch Tokyo Ghoul Episode 7

AnimeTV 3 animetv to: Wonder Egg Priority (https://animetv.cc/m/Yz1a) Episode 12