Деновиве спроведовме хуманитарна акција за помош на 500 загрозени семејства со прехранбени пакети. Благодарност на сите донатори и волонтери што во овие тешки пандемиски денови ги посетуваа домовите на семејствата за да им ја достават помошта.
Голема благодарност до секретарот на ПОЕН Александар Манасиевски кој беспрекорно го организираше снабдевањето со намирници, како и на Здружението на Египќаните од Охрид на чело со Арбен Демироски, за доснабдувањето и логистичката поддршка.
Акцијата ќе продолжува и со наредни проекти идниот месец и се додека трае Корона кризата и ги повикуваме сите компании, институции, организации и лица да ни се приклучат или било како придонесат во наредните акции “ЗА СОЛИДАРНОСТ И ХУМАНИЗАМ”.